Јавен повик за доделување финансиски средства на спортски клубови, граѓански организации од област на култура и граѓански организации и фондации за 2018 -та година

                 Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа ( „Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 74, став 3 од Статутот на Општина Струга („Службен гласник на Општина Струга“ бр. 17/02, 30/03) а во врска со член 6 од Одлуката за утврдување на постапка за доделување на финансиски средства од Буџетот на Општина Струга на организации од областа наспортот, културата, социјалната заштита и невладиниот сектор бр. 07 – 1842/9 од 20.06.2012 година, Градоначалникот на Општина Струга , објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

за доделување финансиски средства на спортски клубови,  граѓански организации од област на култура и граѓански организации и фондации

 

            Целта на овој конкурс е да ја зацврсти и унапреди соработката на Општината со граѓанските организации, спортските клубови и организациите од областа на култура преку воспоставување партнерски релации и да се поттикне решавање на локални проблеми преку поголема вклученост на граѓаните и граѓанските организации.

             Право на учество на овој конкурс имаат спортски клубови и здруженија на граѓани и фондации регистрирани на територија на Општина Струга според Законот за здруженија на граѓани и фондации.

1.       Повик за доделување на финансиски средства на организации од областа на спортот и организации од областа на култура.

           Организациите од областа на спортот  и организациите од областа на култура аплицираат за добивање на финансиски средства од Буџетот на Општина Струга со поднесување на нивната годишна програма.

          Општи услови кои треба да ги исполнат организациите се :

-          Да се регистрирани во согласност со закон, односно да поседуваат решение за регистрација.

-          Да дејствуваат на територија на Општина Струга

-          Остварувањето на програмите и дејствувањето да се во рамките на Уставот и Законите на Република Македонија.

          Посебни критериуми за учество на јавниот повик кои треба да ги исполнат организациите од областа на спортот/спортските клубови се :

-          Да го поттикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт.

-          Да поднесуваат годишна програма на активности и истата да биде реализирана.

-          Да организираат и спроведуваат систем на натпревари.

-          Да се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри.

-          Да се грижат за унапредување на младите

-          Да не вршат политичко и верско организирање и дејствување

-          Да имаат поднесено извештај за користење на средства од буџетот на Општина Струга за претходната година ( доколку користеле средства)

-          Спортските клубови да имаат решение од Агенцијата за млади и спорт на РМ за вршење на дејност спорт.

            Посебни критериуми за учество на јавниот повик кои треба да ги исполнат организациите од областа на културата се :

-          Да поседуваат програма за работа со позначајни активности и приоритети.

-          Да се вклучат и поддржат активности и манифестации организирани од страна на Општина Струга,

-          Со својата работа да придонесуваат кон промоцијата на културата и културните вредности на Општина Струга.

-          Да имаат поднесено извештај за користење на средства од буџетот на Општина Струга за претходната година ( доколку користеле средства).

Максимален износ на финансирање по здружение изнесува 120000 денари   

     При поднесувањето на барање за доделување на средства од буџетот на Општина Струга, организациите од областа на спортот и организациите од областа на културата треба да поднесат  :

-          Годишна програма за работа за 2018година

-          Барање за доделување на финансиски средства кое треба да биде потпишано и заверено со печат од страна на овластеното лице на организацијата. Барањето треба да ги содржи основните податоци на организацијата ( Полн назив на организацијата, седиште, даночен и матичен број , жиро сметка )

-          Копија од решението за регистрација

-          Копија од статутот на организацијата. 

     Барањето треба да се поднесе во архивата на Општина Cтруга во запечатен плик. На пликот треба да стои назнака „По јавен повик за доделување на финансиски средства организации од областа на спорт и култура“ и „Не отворај !“ непотполни барања  или барања напишани на рака нема да бидат земени во предвид.

Рокот за поднесување на барањето за доделување на средства од буџетот на Општина Струга е 15  дена по објавување на јавниот повик.

2.       Повик за доделување на финансиски средства наменети за финансирање на проектни активности на здруженија на граѓани и фондации.

             Граѓанските организации поднесуваат проектни апликации во дадената пријава која е дел од овој јавен повик .

            Приоритетни области за финансирање на проекти од овој јавен повик се :

-          Образование

-          Млади

-          Социјална Заштита

-          Туризам

-          Развивање на меѓуетнички односи и соработка

-          Заштита на животна средна и заштита на животни

          Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнат здруженијата  :

-          Да се регистрирани според Законот за здруженија на граѓани и фондации со седиште во Општина Струга .

-          Да не им е изречена мерка Забрана за вршење на дејност

-          Да имаат поднесено извештај за користење на средства од буџетот на Општина Струга за претходната година ( доколку користеле средства)

Максимален износ на финансирање по проект изнесува  150000 денари    

              Покрај образецот за пријавување, формуларот за буџет и временска рамка( дадени во прилог на јавниот повик) кои треба да бидат потпишани и заверени со печат од страна на овластеното лице на здружението или фондацијата, здруженијата треба  да ги достават и следните прилози :

-          Фотокопија од решението за регистрација

-          Фотокопија од Статутот на здружението

-          Годишен извештај финансиски и наративен за реализирани активности во минатата година

          Евалуацијата и изборот од пристигнатите апликации ќе го врши комисија за евалуација според критериумите дадени во Табела 1.

Критериум

Вредност на бодови

1. Стручност, искуство и компетентност на апликантот во спроведување на проектната активност

25

2. Придонес на проектот кон реализацијата на стратешките цели на општината

20

3. Усогласеност со надлежностите на општината

20

4. Реален буџет и оправданост на трошоците

20

5. Процент на учество на апликантот во проектниот буџет

10

6. Вклученост на други општински институции, граѓански организации или граѓани 

5

Табела 1

Учеството може да биде изразено во финансиски средства, опрема работна сила или друг вид на придонес.

Здруженијата на граѓани и фондации можат да поднесат само една пријава за финансиска поддршка за проект

Активности на одбраните проекти треба да се реализираат до 31.12.2018година

Рокот за поднесување на барањето за доделување на средства од буџетот на Општина Струга е 15 дена по објавување на јавниот повик.

Пријавите треба да бидат поднесени во пропишаниот образец за пријавување во општинската архива. На пликот треба да стои „ По јавен повик за доделување на финансиски средства наменети за финансирање на проектни активности на здруженија на граѓани и фондации. “ и „Не отворај !“непотполни апликации, апликации кои не се поднесени во пропишаните обрасци за пријавување  или апликации напишани на рака нема да бидат земени во предвид.

            Доставените прилози не се враќаат.

            Организациите добитници на средства ќе бидат известени поединечно а листата на сите организации кои биле избрани за финансирање ќе биде објавена на веб страната на Општина Струга.

Критериуми за Реализација на проектот и користење на грантот :

-          Организацијата треба да го реализира проектот во временската рамка наведена проектната апликација , сите трошења кои се направени по завршување на рокот за реализација нема да бидат признаени.

-          Одобрените средства носителот мора да ги користи во согласност со Уставот и Законите на Република Македонија и не смее да оствари профит при реализацијата на активностите.

-          Организацијата се обврзува доделените финансиски средства  да ги користи во целост за намената за која се доделени, а во случај да престанала потребата или условите за искористување на средствата, организацијата е должна веднаш да ги врати на Општината.

-          Организацијата има обврска во сите свои печатени материјали и јавни настапи поврзани со проектот кој што е предмет финасирање, да наведе дека е поддржан од Општината. На печатените материјали или на веб страницата , на видливо место, треба да биде  печатените материјали

-          Општината го задржува правото за вршење на контрола за начините на користење на доделените финансиски средства преку контрола на документите и начинот на реализацијата на активностите во седиштето на Носителот или во местото на реализацијата на активностите, како и преку барање на дополнителни информации и појаснувања кон извештаите.

-          Доколку при контрола се утврдат злоупотреби при трошењето на доделените финансиски , Општина Струга ќе поведе соодветна постапка пред надлежните институции и ќе побара враќање во целост на доделениот износ.

 

-          Во случај на злоупотреба на доделените финансиски средства  или нивно користење спротивно на намената организацијата губи право во иднина да аплицира на огласите објавени од страна на Општина Струга.

-          Неискористениот износ носителот е должен да го врати на Општина Струга

             Финасиско и наративно известување за реализација на проект.

              Носителот по завршувањето на проектот се обврзува на општината да и достави целосен завршен извештај (наративен и финансиски) најдоцна 15 дена по датумот за завршување на проектните активности наведен во договорот за финасирање.

           Организациите се обврзуваат наративниот и финансискиот извештај да ги достават во соодветната пропишана форма.

-          Кон наративниот извештај се приложуваат пропратни анекси како слики,медиумски записи, печатени материјали, листи на присутни и сл.

-          Кон финансискиот извештај треба да се приложат копии од сите фактури, сметки за трошоци, налози за плаќање и изводи од сметката наменета за овој проект.

            Општината го задржува правото да побара доставување на почести или дополнителни финансиски извештаи како и да изврши ненајавена посета на организацијата и да изврши контрола во проектната документација за време на периодот на имплементација на проектот наведен во договорот за финансирање.

Материали во прилог:

1

2

3

Бр. 03-30/1

02.01.2018

СТРУГА

 ОПШТИНА СТРУГА

Градоначалник,

Др-  Рамис Мерко

  • 1
  • 2
Одлука за неспроведување на стратегиска оценa(Бр.10-3057) Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република   ... Read more
Одлука за спроведувањe на стратегискa oцена(Бр. 10-2442) Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република   ... Read more
Одлука за неспроведување на стратегиска оценa(бр.10-946) Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република   ... Read more
Одлука за неспроведување на стратегиска оценa(10-3168)   Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на... Read more
Одлука за спроведување на стратегиска оцена(Бр. 10-977) Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република   ... Read more
Извештај за стратегиска оценка на животна средина за ЛУПД, на КП БР.2365/2 и 2353 КО Мислешево. Извештај за стратегиска оценка на животна средина за ЛУПД со намена Г2, лесна и незагадувачка... Read more
Извештај за стратегиска оценка на животна средина за ЛУПД дел од КП 3217/1 и дел од 3217/2 во КО Струга Извештај за стратегиска оценка на животна средина за ЛУПД за градежна парцела наменета за... Read more
Одлука за спроведувањe на стратегискa oцена Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република   ... Read more
ОБЈАВА за барање за добивање Б-интегрирана еколошка Дозвола В.Д Градоначалникот на општина Струга согласно член 99 став 1 и член 122 став 4 од Законот  за... Read more
ИНТЕРЕН ОГЛАС број 04/2017 За пополнување на работно место со унапредување Врз основа на чл.48 од Законот за административни службеници (Службен Весник на Република... Read more
ИНТЕРЕН ОГЛАС број 03/2017 За пополнување на работно место со унапредување Врз основа на чл.48 од Законот за административни службеници (Службен Весник на Република... Read more
О Д Л У К А за избор на кандидат за унапредување на административен службеник по пат на интерен оглас бр.04-2135/11 Врз основа на член 52 став 1 од Законот за административни службеници (Службен Весник на... Read more

Барај