Администрација на Општина Струга

Општина Струга претставува единица на локална самоуправа, како заедница на жители на подрачје определено со закон, која преку органите, администрацијата и услугите од јавен карактер, овозможува извршување на своите надлежности утврдени со закон, но на локално ниво. Така, на независен начин, а во рамките на законот, општината врши рабвоти од јавен интерес со локално значење.

Според законот, Општина Струга врши урбанистичко планирање (урбано и рурално), ја заштитува животната и природната средина, го планира локалниот економски развој, врши комунални дејности (водоснабдување и канализација, јавно осветлување, собирање и отстранување на отпадоците, регулирање и организирање на јавниот превоз, градење, одржување и реконструкција на локалните улици и патишта и други објекти, регулирање и режим на патниот сообраќај, одржување на патната сигнализација,  паркирањето на возилата на подрачјето на општината, одржување на паркови и зеленило, определување на имињата на улиците, мостовите, плоштадите и другите инфраструктурни објекти, одржување на гробиштата и слично), врши работи од областа на културата, спортот, социјалната и детската заштита, основа, организира и управува со основните и средните училишта, презема мерки за здравствена заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра во состојба на војна, природни непогоди, како и заштита од пожари преку своите територијални противпожарни единици.

Со цел извршување на работите од надлежност на општината се организира општинска администрација во сектори, одделенија и инспекторат. Организацијата, делокругот и начинот на вршење на работите од страна на општинската администрација се утврдува од страна на Советот на општината, по предлог на Градоначалникот на општината.

Административните работи на општината се извршуваат од страна на вработените во општинската администрација. Вработените во локалната администрација имаат статус на државен службеник, а кои вршат стручни, нормативно-правни, административни, надзорни работи, планирање, материјално-финансиски, сметководствени и информатички работи и други работи во согласност со законот. Од аспект на видот на образованието, работното искуство, одговорноста и сложеноста на работните задачи се утврдува и вкупниот број на работни места во локалната администрација.

          Вработените во општинската администрација на Општина Струга се должни административните работи да ги вршат совесно, стручно, ефикасно, правилно и навремено, не-еднострано и без политички влијанија, да не се водат од личниот финансиски интерес, без злоупотреба на надлежностите и овластувањата и да ги бранат честа и имиџот на администрацијата во која работат.

Информации од јавен карактер

Контакт

Општина Струга

Тел:046/782-015, 781-223, 781-335

Факс: 046/781-434

e-mail: info@struga.gov.mk 

___________________________________________________________________________________________

Овластено лице за односи со јавноста

Блерти Исмаили

e mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

__________________________________________________________________________________________

Врз основа на член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр. 13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014), Општина Струга изготви

ЛИСТА

На информации од јавен карактер во Општина Струга

Информации со кои располага Општина Струга, а кои се утврдени како информации од јавен карактер, се следниве:

ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР ВО ОПШТИНА СТРУГА
___________________________________________________________________________________________

Овластени лица за давање на информации со јавен карактер како и за комуникација со граѓани кои имаат одреден вид и степен на попреченост: 

Сервер Шашко

e-mail: s.shashko@struga.gov.mk

Аргетим Етеми

e-mail: a.etemi@struga.gov.mk

Почитувани корисници, формуларите за слободен пристап до инфорамциите со јавен карактер може да ги симнете во линкот 

ФОРМУЛАР

___________________________________________________________________________________________________

Службени лица кои посредуваат при остварување на правото на слободен пристап до информации во рамките на Општина Струга.

Сервер Шашко

e-mail: s.shashko@struga.gov.mk

Егзона Елмази

e-mail: e.elmazi@struga.gov.mk

 

 

  • 1
  • 2
Одлука за неспроведување на стратегиска оценa(Бр.10-3057) Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република   ... Read more
Одлука за спроведувањe на стратегискa oцена(Бр. 10-2442) Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република   ... Read more
Одлука за неспроведување на стратегиска оценa(бр.10-946) Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република   ... Read more
Одлука за неспроведување на стратегиска оценa(10-3168)   Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на... Read more
Одлука за спроведување на стратегиска оцена(Бр. 10-977) Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република   ... Read more
Извештај за стратегиска оценка на животна средина за ЛУПД, на КП БР.2365/2 и 2353 КО Мислешево. Извештај за стратегиска оценка на животна средина за ЛУПД со намена Г2, лесна и незагадувачка... Read more
Извештај за стратегиска оценка на животна средина за ЛУПД дел од КП 3217/1 и дел од 3217/2 во КО Струга Извештај за стратегиска оценка на животна средина за ЛУПД за градежна парцела наменета за... Read more
Одлука за спроведувањe на стратегискa oцена Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република   ... Read more
ОБЈАВА за барање за добивање Б-интегрирана еколошка Дозвола В.Д Градоначалникот на општина Струга согласно член 99 став 1 и член 122 став 4 од Законот  за... Read more
ИНТЕРЕН ОГЛАС број 04/2017 За пополнување на работно место со унапредување Врз основа на чл.48 од Законот за административни службеници (Службен Весник на Република... Read more
ИНТЕРЕН ОГЛАС број 03/2017 За пополнување на работно место со унапредување Врз основа на чл.48 од Законот за административни службеници (Службен Весник на Република... Read more
О Д Л У К А за избор на кандидат за унапредување на административен службеник по пат на интерен оглас бр.04-2135/11 Врз основа на член 52 став 1 од Законот за административни службеници (Службен Весник на... Read more