Надлежности

Надлежностите на градоначалникот можат да се поделат во два дела на работи и тоа како надлежности на општината и раководење на општинската администрација.

Во извршување на надлежностите на општината градоначалникот:

• ја претставува и ја застапува општината;

• ја контролира законитоста на прописите на советот;

• ги објавува прописите во службениот весник на општината;

• го обезбедува извршувањето на одлуките на советот;

• го обезбедува извршувањето на работите што со закон се пренесени на општината;

• дава иницијативи и предлози до советот за донесување прописи;

• го предлага буџетот и годишната сметка на буџетот на општината;

• го извршува буџетот на општината;

• избира директори на јавни служби што ги основала општината по пат на конкурс;

• редовно го известува советот за извршување на своите надлежности во согласност со статутот на општината;

• решава управни работи за права, обврски и интереси на правни и на физички лица. За извршување на оваа надлежност градоначалникот може да овласти раководен службеник да ја води постапката и да решава во управни работи, како и да потпишува.

При раководење на општинската администрација:

• дава предлог до советот за донесување Одлука за организирање општинска администрација;

• донесува правилник за систематизација;

• ја раководи општинската администрација;

 

• донесува одлуки за вработување, правата, должностите и одговорностите на вработените, доколку не е определено поинаку со друг закон.

Биографија

 

Д-р Рамис МЕРКО

CV - Крактка биографија

 

                Рамис Мерко е роден на 14.04.1957 година, во Струга. Четиригодишните универзитетски студии ги завршил во 1980 година. од 1980 година до 1982 година ја вршел функцијата Раководител на производство во Земјоделски комбинат Струга, а во временскиот период 1983-1999 година бил Висок референт на Агенцијата за развој на земјоделството. Во истиот период, од 1990 до 2003 година бил Директор на семеен бизнис (приватна земјоделска аптека).

Од 2003 година до 2005 година бил именуван и работел како Раководител на Фондот за здравство Подрачна единица Струга. После тоа, од 2005 година до 2009 година, на локалните избори, за првпат е на чело како Градоначалик на Општина Струга.

Во 2009 година, исто така на локалните избори, постанува Градоначалник на Општина Струга (за втор мандат за временскиот период 2009-2013 година), додека во 2010 година со успех ги заврши последипломските студии од втор циклус и во 2013 година ги заврши докторските студии, со добивање на звање Доктор на науки.

Од 2013 година до 2014 година, Д-р Рамис Мерко е универзитетски предавач на Меѓународниот Универзитет во Струга. Неговата биографија вклучува и вршење на други функции, како Пратеник во Собранието на Република Македонија и Министер во Владата на Република македонија.

Во временскиот период 2014 – 2016 ја вршел функцијата Пратеник во Собранието на Република Македонија, со следните активности: 

•     Член на Буџетскиот совет на Собранието на Република Македоонија,

•     Заменик член на Комисијата за транспорт, комуникации и животна средина,

•     Член на Комисијата за законодавство, 

•     Член на Комисијата за образование, наука и спорт,,

•     Член на Комисијата за локална самоуправа,

•     Заменик член на Комисијата за политички систем и меѓуетнички односи,

•     Претседател на Парламентарната група на Собранието на Република Македонија за соработка со Собранието на Кралство Холандија, 

•   Член на Парламентарната група на Собранието на Република Македонија за соработка со собранијата на балтичките држави (Република Естонија, Република Латвија и Република Литванија),

•   Член на Парламентарната група на Собранието на Република Македонија за соработка со Собранието на Народна Република Кина.

Во месец Јуни 2017 година, Д-р Рамис Мерко се именува за Министер без ресор за привлекување на странски инвестиции, во Владата на Република Македонија, а таа функција траеше до 31.10.2017 година поради добивање на трет мандат како Градоначалник на Општина Струга, откако победи на Локалните избори во 2017 година. 

Д-р Рамис Мерко многу добро го познава македонскиот, турскиот, српскиот и англискиот јазик, а учествувал на повеќе домашни и меѓународни научни конференции.

  • 1
  • 2
Одлука за неспроведување на стратегиска оценa(Бр.10-3057) Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република   ... Read more
Одлука за спроведувањe на стратегискa oцена(Бр. 10-2442) Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република   ... Read more
Одлука за неспроведување на стратегиска оценa(бр.10-946) Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република   ... Read more
Одлука за неспроведување на стратегиска оценa(10-3168)   Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на... Read more
Одлука за спроведување на стратегиска оцена(Бр. 10-977) Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република   ... Read more
Извештај за стратегиска оценка на животна средина за ЛУПД, на КП БР.2365/2 и 2353 КО Мислешево. Извештај за стратегиска оценка на животна средина за ЛУПД со намена Г2, лесна и незагадувачка... Read more
Извештај за стратегиска оценка на животна средина за ЛУПД дел од КП 3217/1 и дел од 3217/2 во КО Струга Извештај за стратегиска оценка на животна средина за ЛУПД за градежна парцела наменета за... Read more
Одлука за спроведувањe на стратегискa oцена Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република   ... Read more
ОБЈАВА за барање за добивање Б-интегрирана еколошка Дозвола В.Д Градоначалникот на општина Струга согласно член 99 став 1 и член 122 став 4 од Законот  за... Read more
ИНТЕРЕН ОГЛАС број 04/2017 За пополнување на работно место со унапредување Врз основа на чл.48 од Законот за административни службеници (Службен Весник на Република... Read more
ИНТЕРЕН ОГЛАС број 03/2017 За пополнување на работно место со унапредување Врз основа на чл.48 од Законот за административни службеници (Службен Весник на Република... Read more
О Д Л У К А за избор на кандидат за унапредување на административен службеник по пат на интерен оглас бр.04-2135/11 Врз основа на член 52 став 1 од Законот за административни службеници (Службен Весник на... Read more