• ОПШТИНА СТРУГА
  • Општина Струга претставува единица на локална самоуправа, како заедница на жители на подрачје определено со закон, која преку органите, администрацијата и услугите од јавен карактер, овозможува извршување на своите надлежности утврдени со закон, но на локално ниво. Така, на независен начин, а во рамките на законот, општината врши рабвоти од јавен интерес со локално значење.

    Според законот, Општина Струга врши урбанистичко планирање (урбано и рурално), ја заштитува животната и природната средина, го планира локалниот економски развој, врши комунални дејности (водоснабдување и канализација, јавно осветлување, собирање и отстранување на отпадоците, регулирање и организирање на јавниот превоз, градење, одржување и реконструкција на локалните улици и патишта и други објекти, регулирање и режим на патниот сообраќај, одржување на патната сигнализација,  паркирањето на возилата на подрачјето на општината, одржување на паркови и зеленило, определување на имињата на улиците, мостовите, плоштадите и другите инфраструктурни објекти, одржување на гробиштата и слично), врши работи од областа на културата, спортот, социјалната и детската заштита, основа, организира и управува со основните и средните училишта, презема мерки за здравствена заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра во состојба на војна, природни непогоди, како и заштита од пожари преку своите територијални противпожарни единици.

    Со цел извршување на работите од надлежност на општината се организира општинска администрација во сектори, одделенија и инспекторат. Организацијата, делокругот и начинот на вршење на работите од страна на општинската администрација се утврдува од страна на Советот на општината, по предлог на Градоначалникот на општината.

    Административните работи на општината се извршуваат од страна на вработените во општинската администрација. Вработените во локалната администрација имаат статус на државен службеник, а кои вршат стручни, нормативно-правни, административни, надзорни работи, планирање, материјално-финансиски, сметководствени и информатички работи и други работи во согласност со законот. Од аспект на видот на образованието, работното искуство, одговорноста и сложеноста на работните задачи се утврдува и вкупниот број на работни места во локалната администрација.

    Вработените во општинската администрација на Општина Струга се должни административните работи да ги вршат совесно, стручно, ефикасно, правилно и навремено, не-еднострано и без политички влијанија, да не се водат од личниот финансиски интерес, без злоупотреба на надлежностите и овластувањата и да ги бранат честа и имиџот на администрацијата во која работат.

Секретар

Општина Струга
Работно време  08:00 – 16:00

Сектор за финансиски прашања

Тел: +389 46 781 223

Од 08:00 – 16:00

Сектор за Јавна Дејност

Дашмир Насуфи

Општина Струга
Моб: 070 249 005
Email: d.nasufi@struga.gov.mk
Работно време 08:00 – 16:00

Сектор за поддршка на градоначалникот, организација на работата на советот и информатичката технологија

Зоран Гулицоски

Општина Струга
Моб: 070 315 472
Email: z.gulicoski@struga.gov.mk
Работно време 08:00 – 16:00

Сектор за туризам, локален економски развој и меѓународна соработка

Тел: +389 46 781 223

Од 08:00 – 16:00

Сектор за урбанизам, општинска активност, сообраќај и заштита на животната средина

Натмир Неџипи

Општина Струга
Моб: 070 351 842
Email: n.nexhipi@struga.gov.mk
Работно време 08:00 – 16:00

Сектор за инспекциски надзор-инспекција

Ирфан Каба

Општина Струга
Моб: 078 427 063
Email: i.kaba@struga.gov.mk
Работно време 08:00 – 16:00

Одделение за управување со човечки ресурси

Тел: +389 46 781 223

Од 08:00 – 16:00

Одделение за внатрешна ревизија

Тел: +389 46 781 223

Од 08:00 – 16:00

Територјална противпожарна единица на општината

Тел: +389 46 781 223

Од 08:00 – 16:00