Секторот за урбанизам, комунални дејности, сообраќај и заштита на животна средина содржи:

Pаководител на Секторот за урбанизам, комунални дејности, сообраќај и заштита на животна средина,  како и одделенијата:

  • Одделение за урбанизам, градби и просторно планирање
  • Одделение за комунална инфраструктура и сообраќај
  • Одделение за заштита на животната средина
  • Одделение за управување со градежно земјиште и имот на општината

Сектор за урбанизам, просторно планирање и комунални дејности ги врши работите што се однесуваат на:

  • ги следи и проучува законите од областа на просторното и урбанистичко планирање, градби, градежно земјиште, заштита на животната средина, комуналните дејности и другите прописи во надлежност на локалната самоуправа;
  • ја обединува, координира, контролира, ја следи и унапредува меѓусебната соработка на Одделение за просторно планирање, градби и заштита на животна средина, Одделение за комунални работи, Одделение за сообраќај и патишта и Одделение за управување со градежно земјиште и недвижен имот на општината кои се во негов состав;
  •  се грижи за урбанистичкото планирање на просторот, издавање на услови и одобренија за градба на објекти од локално значење утврдени со закон;
  •  координира со постапките за управување со градежното земјиште сопственост на Р.М. кое се наоѓа на подрачјето на Општина Струга;
  • покренува иницијативи и предлози за донесување и изменување на урбанистички планови;
  •  анализира и обработува барања и иницијативи на правни и физички лица за измена на детални урбанистички планови;
  •  спроведува ДУП и води постапки на техничка документација за градење на објекти од локално значење;
  •  ги координира и организира активностите за уредување на просторот и уредување на градежното земјиште на подрачјето на општината;
  •  ги координира и организира активностите за превземање на мерки за изградба и одржување на комуналната инфраструктура и за заштита на животната средина;
  •  врши и други работи што ќе му бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи.