vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Согласно дописот добиен од Дирекцијата за заштита и спасување-Подрачно одделение за заштита и спасување-Струга, и метеоролошките прогнози, со кои не известуваат дека се предвидува нагло зголемување на дотокот на вода во сливното подрачје на реката Црн Дрим, и зголемување на нивото во акумулационото езеро Глобочица.
Поради тоа, се очекува  преливање на водата низ преливната шахта на браната и испуштање на водата во старото корито на реката Црн Дрим, низводно од браната,. при што се очекува поплавување на Регионалниот пат Струга-Дебар, низводно од браната каде на најнискиот дел од патот (пред с.Луково) се очекува висината  на нивото на водата да достигне околу 1 метар.
Најголемите протоци на вода се очекуваат да бидат ноќта на 31.03.2018 година, и да траат се до попладневните часови на 01.04.2018 година кога се очекува одредено стабилизарaње на истеците на вода.
Поради тоа се препорачува на граѓаните, во погоре наведениот термин,  да не патуваат по регионалниот пат Струга – Дебар, низводно од браната Глобочица.
Поради очекуваните врнежи од дожд кои ќе бидат проследени со силен јужен ветар со брзина од 80 км/ч се препорачува на сопствениците на објекти во приобалниот дел од Охридското езеро да преземат мерки и активности за заштита на истите, од поплавување.

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).