vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република    Македонија“   бр.  53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12 93/13, 187/13 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 42/16), Гадоначалникот на општина Струга, на 05.03.2018 година, донесе:

                                                                   Одлука за спроведувањe на стратегискa oцена
1. За Планска Програма за изработка на Детален Урбанистички План (ДУП) во Урбана Единица 9 Блок 25 Општина Струга, кој го донесува Советот на општина Струга потребно е  да  се  спроведе стратегиска  оцена  на  влијанието  врз  животната  средина   согласно  член  65  од   Законот    за животната средина.
2. Како органи засегнати од имплементација за изработка на Детален Урбанистички План (ДУП) во Урбана Единица 9 Блок 25 Општина Струга, се определуваат следните субјекти:

Локална самоуправа на општина Струга, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство, Министерство за култура, Министерство за здравство, Министерство за економија, Министерство за труд и социјална политика, Дирекција за заштита и спасување, Агенција за државни патишта, ЕВН, Македонски телекомуникации, Комуналните претпријатија, Невладини организации, претставници од стопанскиот и граѓанскиот сектор.
3. За изработка на Детален Урбанистички План (ДУП) во Урбана Единица 9 Блок 25 Општина Струга, за чија изработка е одговорен Силвана Вановска, а го донесува Советот на општина Струга, донесувањето на Планска Програма за изработка на Детален Урбанистички План (ДУП) во Урбана Единица 9 Блок 25 Општина Струга, ќе има влијание врз животната средина.
4. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: Здравје на населението и социоекономски развој, заштита и управување со емисиите во воздух, вода, почва, заштита и унапредување на биолошка разновидност, управување со емисии од бучава, отпад, заштита и унапредување на пејзажот, заштита на културно наследство и материјални добра, управување со несреќи и хаварии.
5. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Струга на следната   веб адреса/и: www.struga.gov.mk.
6. Против ова Одлука подносителот може да поднесе жалба до Державната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страна.

Бр. 10-269
05.03.2018

ДУП- ЕУ 9 БЛОК 25-2018

ОПШТИНА СТРУГА
Градоначалник,
Д-р Рамис Мерко

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).