vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Градоначалникот на општина Струга во својство на поранешен министер за странски инвестиции г. Рамиз Мерко заедно со министерскиот кабинет   при недостаток на на министер за странски инвестиции , продолжуваат со ангажирање на пројекти за придонес на странски инвестиции.
Денес,  поранешниот министер и неговиот кабинет  имаа  средба за финализација на еден многу важен пројект за општината на Струга  од  страна на еден албански инвеститор . Станува збор за капитална инвестиција во Технолошката Индустриска Развојна зона  на градот Струга.
Компанијата Еуродент на чело со Муамер Речи од  Велешта,Струга кој долго време бил ангажиран како истражувачки научник во САД во најуспешната компанија на глобалниот пазар, Colgate – Palmolive.
Како што информираат од министерскиот кабинет, со изградба на фабриката ќе се започне во вториот квартал од оваа година во Струшкиот регион, имено во Технолошката Индустриска Развојна зона. Во првиот квартал од оваа година, се финализираа програмскиот план и правните процедури, од каде што се  предвидува дека оваа инвестиција ќе изнесува меѓу 4 и 5 милиони евра, а предвидено е да се отворат 75 до 150 нови работни места во кои 95% од вработените да бидат жени.
Фабриката ќе биде центар за производство и продажба на производи за лична хигиена (паста за заби, шампон, течен сапун), лиценциран од Colgate-Palmolive брендот  во просториите на која ќе има и модерна и современа лабораторија за производство на козметички производи.
Оваа инвестиција е предложена од страна на Градоначалникот на општина Струга г. Рамис Мерко во соработка со Зм.дирекотрот на ДТИРЗ г. Асип Усеини ,кога градаоначалникот беше на функција на министер за странски  инвестиции.

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).