Се известуваат сите граѓани на Општина Струга дека “Спомен чешма на Ослободителите на Струга – Мороишки мост”, врз основа на добиена согласност со бр. 03-24 до датум 31.05.2018 од ОО Сојуз на борци – Струга, ќе се дислоцира на другата страна на патот, односно спротивно од сегашната локација. За дислокација на истата е потребно да се интервенира на темелната стопа на споменикот затоа што е со големи димензии и голема тежина. Истиот споменик, неоштетен и со истите историски вредности ќе се поставува на нова армирано бетонска темелна стопа, во рок од еден месец.

Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).