Денес, по интервенцијата на градежниот инспекторат на патот Маршал Тито, во близина на зелениот пазар е отстранет објект кој бил граден илегално, и кој што го попречуваше слободното движење на граѓаните.
Исто така денес е отстранет и објектот ЛАВАЖ на улица ЈНА, кој е исто така изграден спротивно со законот.
Акцијата денес заврши со отстранување на дел од просториите Ванила Плажа во близина на градскиот стадион крај езерото.
Акцијата ќе продолжи и во иднина.