Денес, во просториите на општина Струга, шефот на кабинетот г.Дашмир Насуфи одговорен за секторот за образование заедно со претседателот на општинскиот совет, Ресул Каба одржа информативен состанок со директорите на основните училишта и средните училишта, и со претставниците на образовниот инспекторат.

На средбата се дискутираше за состојбата на училиштата, како и за задачите што треба да сеостварат за да се постигне напредок на образовниот процес за учебната година 2017/2018.

На средбата исто така се дискутираше и за работните места кои се ослободија со пензионирањето на одредени наставници , истите да се надополнат со нов наставен кадар со цел да се спречи нивното заминување од земјата.

Истовремено, треба да се потенцира дека истите наставници пред пензионирање ќе имат средба со г. Дашмир Насуфи.

Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга.

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).