vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република    Македонија“   бр.  53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12 93/13, 187/13 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 42/16), Гадоначалникот на општина Струга, на 14.05.2018 година, донесе:

Одлука за неспроведување на стратегиска оценa

  1.  Зa планска програма за изработка на Детален Урбанистички План  (ДУП) за Блок 23, УЕ 8 согласно ГУП на град Струга 2007 Општина Струга,  кој  се  носи согласно Законот  за   просторно   планирање,   не  е  потребно да се спроведе стратегиска оцена  на  влијанието  врз  животната  средина  согласно  член  65 од  Законот за животната средина.
  2. Одлуката заедно со    формуларите   за  определување на   потребата  од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена  се  објавува на веб страната на општина Струга на  www.struga.gov.mk.
  3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната  средина  од  член 65 став (4) од Законот за животна средина и  врз  основа  на  податоците од   Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот  на  одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска  оцена и  на  формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување   на  стратегиска  оцена  донесувањето на  ДУП за Блок 23, УЕ 8 согласно ГУП на град Струга 2007, Општина Струга, нема   да   има  влијание  врз животната средина  од  следните  причини: Планскиот  опфат  е  предвиден со Генералниот Урбанистички План  (ГУП) на општина Струга во населено место.
  4. Против ова Одлука подносителот може да поднесе жалба до Державната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб странa.

Формулар

Бр.10 – 2291
14.05.2018
СТРУГА 

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).