Изминатиов викенд во Струга се одржа еден од најзначајните фестивали за градот Струга, фестивал кој со години ги пренесува албанските традиционални и културни вредности. Со појавата на културно уметнички друштва и ансамбли за време на трите ноќи на фестивалот “Кенге Јeхо-Струга 2018” заврши и 27-тото издание на овој традиционален настан.
На 6,7 и 8 јули, со почеток на 20:30 часот на главниот плоштад  на градот , настапија културно уметнички друштва од Елбасан, Корча, Качаник, Тетово и др.

На првата вечер на фестивалот присуствуваше и претседателот на Собранието на Р. Македонија, Талат Џафери, кој даде поздравен говор и истакна:

“Оваа година, горд сум и заради фактот што Собранието на Република Македонија е поддржувач на овој културен настан кој што е додадена вредност во летната културна понуда на овој град кој дише и живее со песните, фолклорот и ората кои се универзална цивилизациска категорија, односно се дел од светското културно наследство”.

На крај  на учесниците им се доделија и благодарници за нивниот придонес.

 

Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга

 

 

 

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).