Денес Градоначалникот на Општина Струга, Рамис Мерко и директорот на ЈП Проаква Струга, г-дин Jетон Шаќири, после неколку години интервенираа во водоводната мрежа за градот Струга. Со активирањето на новата мрежа ќе имаат корист многу граѓани на Струга и тоа особено жителите на улиците Ристо Крле, Глобочица, ЈНА , Партизанска како и останатите делови од градот.
Вреди да се спомне дека преку оваа инсталација ќе бидат снабдувани со вода населбите Мислешево и Мороишта , но и дека од истата мрежа ќе има корист околу 30% од градот на Струга.
Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга