Во петок во просторите на Општина Охрид се одржа состанок меѓу претставниците на Министерството за животна средина и просторно планирање, и стручни лица од Општините на Струга, Охрид и Дебрца во врска со подготовка на план за управување со Охридското Езеро.
На состанокот се дадоа сугестии за изработката на планот со посебен фокус на критичните точки. Планот има за цел обновување и прогласување на Охридското езеро за заштитено подрачје и номинирање во Рамсаровата листа.
Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга.