vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Во рамки на проектот “Родовите прашања и политики како мотив за граѓаните да бидат вклучени во креирање на локалните политики” кој го спроведува Македонското женско лоби, поддржано од CIVICA mobilitas се предвидени низа на активности во осум општини и тоа Карпош, Куманово, Теарце, Битола, Велес, Струмица, Струга и Чешиново- Облечево.

Денеска во просториите на Салата на Советот на Општина Струга се одржа средба каде присуствуваа претставници од општинската администрација, претставници од советот на општина Струга и говорник гостин беше Г-ѓа Елена Грозданова, државен советник за еднакви можности при Министерството за труд и социјална политика. Г-ѓа Грозданова е еден од основачите на родовата машинерија во Р.Македонија и иницијатор за формирање на комисиите за еднакви можности во општините. На оваа средба се дискутираше за предизвиците на комисиите за еднакви можности и националните планови.

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).