Одлука за спроведувањe на стратегискa oцена

1. За Планска Програма за изработка на Локална урбанистичко – планска документација за КП 3454/4 КО Мислешево, со намена А4 -времено сместување, со повшина од 0,83 Ха, Општина Струга, кој го донесува Советот на општина Струга потребно е  да  се  спроведе стратегиска  оцена  на  влијанието  врз  животната  средина   согласно  член  65  од   Законот    за животната средина.
2. Како органи засегнати од имплементација за Локална урбанистичко – планска документација за КП 3454/4 КО Мислешево, со намена А4 -времено сместување, со повшина од 0,83 Ха, Општина Струга, се определуваат следните субјекти:
Локална самоуправа на општина Струга, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство, Министерство за култура, Министерство за здравство, Министерство за економија, Министерство за труд и социјална политика, Дирекција за заштита и спасување, Агенција за државни патишта, ЕВН, Македонски телекомуникации, Комуналните претпријатија, Невладини организации, претставници од стопанскиот и граѓанскиот сектор.
3. За изработка на Локална урбанистичко – планска документација за КП 3454/4 КО Мислешево, со намена А4 -времено сместување, со повшина од 0,83 Ха, Општина Струга Струга, за чија изработка е одговорен ЧИП ГРОУП ДООЕЛ, а го донесува Советот на општина Струга, донесувањето на Планска Програма за изработка на Локална урбанистичко – планска документација за КП 3454/4 КО Мислешево, со намена А4 -времено сместување, со повшина од 0,83 Ха, Општина Струга ќе има влијание врз животната средина.
4. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: Здравје на населението и социоекономски развој, заштита и управување со емисиите во воздух, вода, почва, заштита и унапредување на биолошка разновидност, управување со емисии од бучава, отпад, заштита и унапредување на пејзажот, заштита на културно наследство и материјални добра, управување со несреќи и хаварии.
5.Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Струга на следната   веб адреса/и: www.struga.gov.mk.
6.Против ова Одлука подносителот може да поднесе жалба до Державната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страна.

Формулари

Бр. 10-3088
09.07.2018
СТРУГА

ОПШТИНА СТРУГА
Градоначалник,
Д-р Рамис Мерко

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).