1.За Планска Програма за изработка на Детален Урбанистички План (ДУП) за УЕ 11, Блок 2, опфат 4 и 5 согласно ГУП на град Струга 2007 Општина Струга, a кој го донесува Советот на општина Струга потребно  е  да  се  спроведе стратегиска  оцена  на  влијанието  врз  животната  средина   согласно  член  65  од   Законот    за животната средина.
2. Како органи засегнати од имплементација за изработка на Детален Урбанистички План (ДУП) за УЕ 11, Блок 2, опфат 4 и 5 согласно ГУП на град Струга 2007 Општина Струга, се определуваат следните субјекти:
Локална самоуправа на општина Струга, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство, Министерство за култура, Министерство за здравство, Министерство за економија, Министерство за труд и социјална политика, Дирекција за заштита и спасување, Агенција за државни патишта, ЕВН, Македонски телекомуникации, Комуналните претпријатија, Невладини организации, претставници од стопанскиот и граѓанскиот сектор.
3. За изработка на Детален Урбанистички План (ДУП) за УЕ 11, Блок 2, опфат 4 и 5  согласно ГУП на град Струга 2007 Општина Струга, за чија изработка е одговорен,,ИВАНОВ ИНЖИЊЕРИНГ,, ДООЕЛ Битола, а го донесува Советот на општина Струга, донесувањето на Планска Програма за изработка на Детален Урбанистички План (ДУП) за УЕ 11, Блок 2, опфат 4 и 5  согласно ГУП на град Струга 2007 , ќе има влијание врз животната средина.
4. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: Здравје на населението и социоекономски развој, заштита и управување со емисиите во воздух, вода, почва, заштита и унапредување на биолошка разновидност, управување со емисии од бучава, отпад, заштита и унапредување на пејзажот, заштита на културно наследство и материјални добра, управување со несреќи и хаварии.
5. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Струга на следната   веб адреса/и: www.struga.gov.mk.
6. Против ова Одлука подносителот може да поднесе жалба до Державната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страна.

Формулар

Бр. 10-3171
12.07.2018
СТРУГА

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).