По пријава на избувнат пожар на мостот кај дрвената брана излезено е на терен од екипи на Општина Струга , приватниот партнер City Light i EVN и е констатирано дека пожарот не е избувнат од дефект на електричната мрежа ( осветлување на мостот ) бидејќи светилките кои се приклучени за осветлување работат на напон кој е безопасен по човечки живот . Пожарот најверојатно избувнал поради опушок од цигари. Пожарот е саниран и ситуацијата е под контрола.

Општина Струга ги замолува граѓаните за поголемо внимание и грижа за јавните добра.

Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).