vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Денес, градоначалникот на општина Струга, Рамис Мерко заедно со градоначалникот на Општина Охрид, г. Јован Стојкоски и градоначалникот на Дебарца, Зоран Ногачески, во придружба на претставници на Европската унија г.Бертолин и г-ѓа. Винтон претставничката на УНДП, , се сретнаа во близина на реката Сатеска.
Целта на состанокот беше имплементирање на проектот за чистење на реката Сатеска во целина и во еден дел од селото Волино  каде што старото корито преминува во новото. Старото корито кое што поминува низ селото Мороишта и Драслајца  ќе се поправи така што една количина од водата ќе поминува низ старото корито и ќе се влева во реката Црн Дрим.
Овој проект е  спроведуван од страна на  УНДП Македонија , Oпштина Струга, Oпштина Охрид и Дебарца и е финансиран од Европската унија. Градоначалниците му се заблагодарија  на двајцата претставници и побараа проектот да се стави во сила веднаш штом е можно, за да се спречи вишокот тиња  , фосфат и сулфат  кои се влеват во Охрдиското Езеро  од водите на реката Сатеска и ја загадуваат водата .

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).