vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Денес градоначалникот на  Општина Струга се сретна со инвеститотри од Белгија и со директорот на ТИРЗ г. Александар Младеновски.

Градоначалникот ги пречека инвеститорите и  им ја претстави Струга  како  туристички град со голем потенцијал и капацитет за развој на бизнис . Исто така спомна дека во Струга се наоѓа  и индустриско технолошката развојна зона  која има многу добра локација така што ги опфаќа трите општини :  Oхрид , Дебрца и Струга.

Инвеститорот изрази интерес за инвестирање во Општина Струга и сакаше да дознае повеќе за средните училишта  и за бројот на ученици .

Градоначалникот Мерко нагласи дека од страна на Општина Струга тие имаат и секогаш ќе имаат поддршка за вакви иницијативи.

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).