Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр 199/2014,44/2015,193/2015,31/2016,163/2016,64/2018) Градоначалникот на Општина Струга го донесува следното

Јавен повик
Се известуваат граѓаните и правните лица на Општина Струга дека се распишува
Јавен повик за доставување на иницијатива за изработка на Урбанистички планови.


Јавниот повик се распишува согласно член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр 199/2014 44/2015 193/2015 31/2016 163/2016 64/2018) во вториот квартал за 2018 година.
Во период од 31 ден, сите заинтересирани физички и правни лица треба да достават иницијативи за изработка на Урбанистички планови од член 7 од Законот за просторно и урбанистичко планирање.
Предмет на иницијативите може да биде донесување на нов Урбанистички план или измена и дополнување на постоечки Урбанистички план или Урбанистичкио-планска документација со конкретен предлог од поднесителот на иницијативата.
Јавниот повик ќе трае од 01.10.2018 година до 01.11.2018 година-31 ден.
Јавниот повик ќе биде објавен на интернет страната на Општина Струга www.struga.gov.mk,на огласна табла во општината во информацискиот систем  е-урбанизам , преку објава во службено гласило на општината и во еден дневен весник на македонски јазик и еден дневен весник на албански јазик .
Заинтересираните правни и физички лица иницијативите да ги достават во писмена форма преку архивата на Општина Струга или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во определениот рок.
За сите прифатени иницијативи поднесителите ќе бидат информирани во писмена форма или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во рок од 15 дена од истекот на рокот за поднесување на инијативите .
Прифатените иницијативи од Јавниот повик ќе бидат вградени во програмата за изработка на урбанистички планови за Општина Струга за  2018 година
Средствата за прифатените иницијативи за изготвување на потребната документација треба да се обезбедат од поднесителите на иницијативите-правни или физички лица.

ОПШТИНА СТРУГА
Градоначалник,
Д-р Рамис Мерко

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).