Вчера градоначалникот на општина Струга , г. Рамис Мерко заедно со шеф на Кабинет Дашмир Насуфи, претседателот на совет г. Ресул Каба , пратеникот Агим Шаќири и други функционери од централната и локалната власт.

Ова, како што појасни градоначалникот Мерко, е втор резервоар за вода во Лабуништа, кој целосно ќе ги задоволи потребите со чиста вода за пиење на жителите во ова село.

Ова е само почетокот. Општината ќе продолжи со реализација на нови проекти во Лабуништа, но и во другите населени места. Ќе се потрудиме да ги задоволиме потребите на населението за подобар и поудобен живот во општина Струга, истакна Мерко.
Градежните работи, најави, ќе ги изведува фирмата ЕРР-КОП од Лабуништа. Изведувачот досега работеше на проширување на патот за полесна и побезбедна проодност до местото каде ќе биде резорвоарот за вода.
Во рамки на посетата на Лабуништа градоначалникот изврши увид и на градежните работи на спортската сала во селото, каде е ставена подлогата, а од утре треба да почне поставувањето на железните столбови за градба.

 

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).