Вчера, Шефот на кабинетот, г-дин Дашмир Насуфи, заедно со Претседателот на Совет на Општина Струга, г. Ресул Каба ја пречекаа италијанската делегација во просториите на Општина Струга.
Во Струга престојува делегација составена од 6 експерти од различни области (градежништво, здраство опрема за болница, истражување и сл.) и одржуваат состаноци со цел консултации, преговори, размена на искуства за започнување на студија и за нова Општа болница во Струга.
Претседателот на Совет на Општина Струга и Шефот на кабинетот ги пречекаа и ги заблагодарија на претставниците на Меридионал Груп за овој ангажман. Тие ги презентираа капацитетите на градот Струга, како туристичка дестинација, а потоа ја објаснија потребата за нова општа болница која ќе има и регионален карактер.
Од општина, присутните внимателно ја посетија актуалната градска болница.
Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга