Денес во посета на Општина Струга беа членовите на младинскиот клуб на Младински образовен форум и здружението за развој и активизам „Аква“.

Членовите на учиме право клубот кои во својата програма учат за локална самоуправа имаа можност да дискутираат со Градоначалникот за начинот на работа и функционирање на локалната самоуправа, но и за проблемите со кои се соочуваат младите.

Одблиску се запознаа со работењето на различните сектори и се запознаа со општината како единица на локалната самоуправа кој се грижи за граѓантите и секогаш е тука да им излезе во пресрет посебно на младите.

Ваквите посети се одлична можност за младите да го разберат функционирањето на општината како институција, но и лично со Градоначалникот да ги продискутираат проблемите и предизвиците.

Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга

 

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).