vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

До доверителите на Општина Струга и доверителите на единките корисници основани од Општина Струга, од областа на образованието, детската и социјалната заштита  за пријавување на доспеани, а неплатени побарувања.
Се повикуваат доверителите на Општина Струга и доверителите на единките корисници основани од Општина Струга, од областа на образованието,  детската и социјалната заштита да ги пријават доспеаните, а неплатени побарувања заклучно со 30.09.2018 година.
Рокот за пријавување на побарувањата е 15 (петнаесет) работни дена од денот на објавувањето на Jавниот повик. Денот на објавување на Јавниот повик не се засметува во рокот.
Право на пријавување на побарување имаат доверителите за побарувања доспеани до 30.09.2018 година, евидентирани во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските.
За обврските на општината и единките корисници, градоначалникот и одговорните лица на единките корисници пристапуваат кон преговори со сите доверители кои се јавиле на повикот за спогодбено утврдување на износот на обврските, односно намалување на обврските за што се составува и потпишува записник со секој доверител.
Приоритет при исплатата на доспеаните, а неплатени обврски, имаат обврските кои спогодбено со доверителот имаат постигнато целосно откажување од каматата и намалување на главницата на побарувањето за 15 %.
Со пријавата, доверителите се должни да ја достават и следната документација:

  • Договор или друг акт од каде произлегува побарувањето помеѓу Општина Струга, корисници основани од Општина Струга, од областа на образованието, детската и социјалната заштита и доверителот
  • фактура/ситуација за задолжувањето (аналитичка картица).

Општината може да побара дополнителна документација кои се во интерес на постапката.
Документацијата, целосно пополнета се доставува во оригинал или копија. Доколку документацијата се доставува во копија, веродостојноста на секоја страница подносителот на барањето ја потврдува со свој потпис и печат.
Пријавата за побарување за пријавување на Јавниот повик, подносителите може да ја подигнат од Едношалтерски систем на Општината или да ја преземат од веб-страницата на Општина Струга –  www.struga.gov.mk
I.Рок и начин на доставување на пријавите

Рокот за поднесување на пријавите е 15 (петнаесет) работни дена од денот на објавувањето на јавниот повик. Јавниот повик и обрасците „Пријава на побарување согласно Јавен повик до доверителите на Општина Струга и доверителите на единките корисници основани од Општина Струга од областа на образованието, детската и социјалната заштита, за пријавување на доспеани, а неплатени побарувања” ќе бидат објавени и на веб-страницaта на Општина Струга.
Пријавата со потребната документација да се достави преку пошта или лично во Едношалтерската канцеларија  на Општината Струга (од 8:00 до 16:00 часот секој работен ден), на ул. Плоштад„ Мајка Тереза“ бб, 6330 Струга.
Повикот ќе биде објавен на огласната табла на Општина Струга и на веб-страницата на Општина Струга.
Ненавремените пријави нема да бидат земени предвид при преговарањето.
По завршувањето на Јавниот повик, Општина Струга ќе ги разгледува пристигнатите пријави, а Градоначалникот на Општина Струга ќе постапи во согласност со Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски (”Службен весник на РМ” бр.209/18).
Подетални информации, заинтересираните   субјекти можат да добијат на телефонски број 075/ 416-326 –Сектор за финансии прашања.

П Р И Ј А В А  На побарување согласно Јавен Повик до доверителите на пштина Струга и доверителите на единките корисници основани од Општина Струга, од областа на образованието,  детската и социјалната заштита за пријавување на доспеани, а неплатени побарувања.

ОПШТИНА СТРУГА
ГРАДОНАЧАЛНИК
Д-р РАМИС МЕРКО

 

 

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).