Вчера, Градоначалникот на Општина Струга г. Рамис Мерко заедно со шефот на кабинетот г. Дашмир Насуфи во просториите на Општина Струга одржаа состанок со претставникот на независната фондација RYCO г-дин. Алберт Хани.
Целта на состанокот беше во врска со вториот повик за проекти, на кој ќе присуствуваат претставници од средните училишта на Струга, Охрид, Дебар, Ресен и Кичево.
Станува збор за проект кој има за цел зголемување на младинската мобилност, како и соработка и активирање на регионално ниво преку неколку информативни сесии.
Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга