Денес градоначалникот на Струга, г-дин Рамиc Мерко, присуствуваше на инаугурацијата на новите простории на градинката “Флутура” во која присуствуваа претставници од Центарот за развој на Југозападниот плански регион и директорот на Бирото за регионален развој.

Градоначалникот Мерко истакна дека денес  се реализираше заедничката инвестиција со Бирото за регионално развој, Министерството за локална самоуправа и Општина Струга,  која овозможи поправка на електричната мрежа како и нови прозорци.

Ова инвестиција е инвестиција за иднината на нашите деца.

Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).