Врз основа на член 50 став 1 точка од Законот за локална самоуправа (“Службен Весник на Р.М.“ бр. 5/02 ) и член 74 став 3 од Статутот на Општина Струга („Службен гласник на Општина Струга“ бр. 17/02, 30/03), а во врска со член 6 од Одлуката за утврдување на постапка за доделување на финансиски средства од Буџетот на Општина Струга на организации од областа на спортот, културата, социјалната заштита и невладиниот сектор бр. 07-1842/9 од 20.06.2012 година, Градоначалникот на Општина Струга, објавува:

ЈАВЕН ПОВИК
За доделување финансиски средства на спортски клубови, граѓански организации од областа на културата и граѓански организации и фондации

Целта на овој конкурс е да ја зацврсти и унапреди соработката на Општината со граѓанските организации, спортските клубови и организациите од областа на културата преку воспоставување партнерски релации и да се поттикне решавање на локални мпроблеми преку поголема вклученост на граѓаните и граѓанските организации.
Право на учество на овој конкурс имаат спортски клубови и здруженија на граѓани и фондации регистрирани на територија на Општина Струга според Законот на здруженија на граѓани и фондации.

Целосниот јавен повик со потребните образеци можете да ги најдете на веб страната на Општина Струга www.sruga.gov.mk

ПРИЛОГ

ОПШТИНА СТРУГА
Градоначалник,
Д-р Рамис Мерко

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).