Денес, Градоначалникот на Општина Струга, г.Рамис Мерко го инагурираше еден од најважните проекти за градот на Струга. Овој проект има за цел заменување на старите азбест цевки во сите области на општина Струга со нови PVC цевки со капацитет два пати поголем од старите кои не беа сменети воопшто последните 40 години.

 

Во првата фаза на проектот ќе се сменат цевките на улицата Партизанска почнувајќи од кружниот тек кај старата автобуска станица до кружниот тек кај женска плажа.

Иако целиот проект е многу важен, не е случајно тоа што оваа фаза беше поставена како прва фаза, бидејќи овој пат се протега кон брегот на Охридското Езеро каде што паралелно ќе се гради шеталиштето и овој дел е многу битен за развојот на туризмот со олгед на тоа дека летната сезона се приближува.

 

Вреди да се напомени дека во тек на реализија на горенаведените проекти, ќе има застој односно неколку улици и тротоари ќе се затворат за одреден период на време, затоа ве замолуваме да бидете трпеливи и да покажете разбирање.

Со почит,

Д-р. Рамис Мерко
Градоначалник на Општина Струга

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).