Општина Струга демантира дека има врска со “ узурпирањето” на градските плажи  или палењето на трските. Напротив,  ние како институција не ги подржуваме ваквите дела и ќе направиме сé што е во наша моќ за да ги спречиме истите.

Од  друга страна, уредувањето и чистењето на плажите се прави во интерес  на граѓаните, за почиста и погодна околина за нас и за туристите кои ја посетуваат Струга за време на туристичката сезона. Нашата цел како општина е да  помогнеме во развиењето на туризмот во Струга и воедно да создадеме можности за работа за нашите граѓани.

Исто така, сметаме дека главната причина за овој хаос и дезорганизација е решавањето на статусот на концесионерите, па затоа од Министерот за транспорт и врски бараме да не дејстува на селективен начин и го покануваме да дојде и да најдеме заедничко решение,  за доброто на градот и граѓаните на Струга.

Канцеларија за односи со јавноста,
Општина Струга

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).