vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Денес во просториите на Општина Струга, претставници на општинската администрација и директорот на МЈП “Проаква” одржаа средба со Проф. Др. Фердинанд Ѓана – Ректор во Университетскиот Колеџ Бедр.

Состанокот имаше за цел склучување на договор за соработка помеѓу двете институциите во областа на образованието, размена на искуства на студентите, реализација на практична работа како и други меѓугранични соработки во рамките на ИПА-фондовите.

“Општина Струга има две јавни средни училишта и една приватна. Една од јавните училишта која е именувана “Др. Ибраим Темо” е основана од страна на сегашниот Градоначалник на Општина Струга”, истакна Шаќири.

Г. Ѓана ги претстави сите програми кои ги нуди Университескиот Колеџ Бедр, разни видови на стипендии и разните соработки со неколку општини од Албанија и Косово.

Општина Струга е отворена за секаква соработка и е подготвена за реализација на нови проекти во иднина.

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).