vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12 93/13, 187/13 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 42/16), Гадоначалникот на општина Струга, на 18.03.2019 година, донесе:

Одлука за неспроведување на стратегиска оценa

1. Зa Планска програма за изработка на Измена и Дополна на Детален Урбанистички План (ДУП) во УЕ 1 дел од Блок 7, Општина Струга, кој се носи согласно Законот за просторно планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на општина Струга на www.struga.gov.mk.
3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на Измена и Дополна на Детален Урбанистички План (ДУП) во УЕ 1 дел од Блок 7, Општина Струга , нема да има влијание врз животната средина од следните причини: Планскиот опфат е предвиден со Генералниот Урбанистички План (ГУП) на општина Струга во населено место.
4. Против ова Одлука подносителот може да поднесе жалба до Державната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб странa.

ФОРМУЛАР

 

ОПШТИНА СТРУГА
Градоначалник,
Д-р Рамис Мерко

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).