Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр 199/2014 44/2015 193/2015 31/2016 163/16 64/2018 и 168/18) Градоначалникот на Општина Струга го донесува следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е
Се известуваат граѓаните и правните лица на Општина Струга дека се распишува
Јавен повик за доставување на иницијатива за изработка на Урбанистички планови.

Јавниот повик се распишува согласно член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр 199/2014 44/2015 193/2015 31/2016 163/2016 64/2018 и 168/2018 ) во првиот квартал за 2019 година.

*Во период од 31 ден, сите заинтересирани физички и правни лица треба да достават иницијативи за изработка на Урбанистички планови од член 7 од Законот за просторно и урбанистичко планирање.

*Предмет на иницијативите може да биде донесување на нов Урбанистички план или измена и дополнување на постоечки Урбанистички план или Урбанистичкио-планска документација со конкретен предлог од поднесителот на иницијативата.

*Јавниот повик ќе трае од 26.03.2019 година до 25.04.2019 година-31 ден.

* Јавниот повик ќе биде објавен на интернет страната на Општина Струга www.struga.gov.mk,на огласна табла во општината во информацискиот систем е-урбанизам , преку објава во службено гласило на општината и во еден дневен весник на македонски јазик и еден дневен весник на албански јазик .

*Заинтересираните правни и физички лица иницијативите да ги достават во писмена форма преку архивата на Општина Струга или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во определениот рок.

*За сите прифатени иницијативи поднесителите ќе бидат информирани во писмена форма или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во рок од 15 дена од истекот на рокот за поднесување на инијативите .

*Прифатените иницијативи од Јавниот повик ќе бидат вградени во програмата за изработка на урбанистички планови за Општина Струга за 2019 година

*Средствата за прифатените иницијативи за изготвување на потребната документација треба да се обезбедат од поднесителите на иницијативите-правни или физички лица.

 

ОПШТИНА СТРУГА
Градоначалник,
Д-р Рамис Мерко

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).