Општина Струга ја известува јавноста дека нивото на реката Црн Дрим во изминатите два дена беше спуштено за одредено ниво поради неопходност од градежни зафати на локалитет покрај кејот, за кои зафати беше потребно дел од механизацијата да пристапи од страната на речното корито. Од тие причини инвеститорот се обрати до општината, по што заеднички беше побарано од подружница на ЕЛЕМ во Струга, ХЕС Црн Дрим, во чија надлежност е системот за регулација на реката, да се намали испустот на вода со цел да може да се извршат неопходните зафати во најкус рок и притоа да се овозможи безбедносен пристап.

Ги демантираме сите тврдења за еколошки последици и напоменуваме дека АД ЕЛЕМ и општина Струга соработуваат со години наназад во интерес на локалното население, како и дека општината ги поддржува сите активности на ЕЛЕМ што се во интерес на граѓаните,како што се чистење на ресите во Дримот еднаш до два пати во годината каде нивото на водата во Дримот се спушта до најниско ниво, порибување на Охридското езеро еднаш во годината, исто така пред очекување на големи дождови превентивно се спушта нивото на барање на многу граѓани заради побрзо цедење на водата од нивните подруми, како и планираното чистење на коритото од наноси на песок во Црн Дрим што ја го зголеми проточниста на вода низ коритото кое ЕЛЕМ подружница ХЕС Црн Дрим го планира за оваа година.

Овој капитален зафат кој не е направен од ниедна организација повеќе од 38 години, долгорочно ќе ја зголеми безбедноста на Струга од поплави, поефикасно дренирање на подземните води, и намалена можност за излевање на водата низводно од градот и поплавување на земјоделски и други површини и други населени места долж течението.

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).