vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Општина Струга, во соработка со МВР Струга, со цел подобрување на условите за престој на туристите и посетителите во текот на претстојната летна сезона 2019, од денес и во наредните месеци, во заедничка активност помеѓу овластениот инспектор за туризам на општината и претставник на МВР Струга, ќе вршат редовна контрола на правните и физичките субјекти, кои даваат услуги за сместување на гостите на територијата на Општина Струга.

Заеднички став на нашите институции е дека безбедноста и сигурноста на туристите, посетителите и гостите од земјата и од странство, кои престојуваат и ја посетуваат Струга, е најголем приоритет. Ова поради фактот што Струга мора и треба да биде атрактивна туристичка дестинација, која на туристите ќе им обезбеди чувство на сигурност и безбедност, а тоа пак значи пријатен престој и фактор за поголемо привлекување на постојните и потенцијалните туристи.
Имено, на територијата на Општина Струга функционира значителен број на даватели на услуги за сместување на туристи во куќи, соби и апартмани, кои се запишани и категоризирани во регистар што го води општината.

Ова произлегува од член 47 став 1 од Законот за угостителска дејност (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/2004, 89/2008, 115/2010, 53/2011, 141/2012, 164/2013, 187/2013, 166/2014, 199/2014, 129/2015, 192/2015, 39/2016), за давање на угостителски услуги – сместување на туристи, каде физичките лица треба да исполнат минимално технички услови и услови за категоризација, каде категоризацијата се врши од страна на Комисија за категоризација на Општина Струга.
Решението за категоризација, кое се добива по одредена постапка, значи дека физичкото лице кое дава услуги за сместување на гости, својата дејност ја врши легално, односно почитува повеќе закони и подзаконски акти (од областа на туризмот и угостителството, безбедноста и сигурноста на граѓаните и туристите, локалната економија, јавните финансии и слично).
Затоа, целта на заедничката активност на општинската и полициската инспекција е да се осигура дека давателите на услугите за сместување на туристи исполнуваат одредени законски услови, спрема општината и државата, кои, пак, значат посигурен и побезбеден престој на сите туристи и посетители во Струга.
Напоменуваме дека прекршочните одредби за непочитување на законите определуваат високи казни (забрана за вршење на дејноста, глоба во износ од стотици до илјадници евра во денарска противредност), во зависност од нивото на прекршување на законските одредби.
Воедно, апелираме до сите физички лица кои имаат намера да даваат и даваат услуги за сместување на туристи, да се обратат до Одделението за туризам на Општина Струга, за подетални информаци.

Администрацијата на Општина Струга со задоволство ќе даде информации и ќе помогне во постапките за категоризација, а веќе во шалтерот во општинската зграда, како и на веб-страницата на општината, има готови изготвени обрасци, кои треба само минимално да се пополнат.
Општина Струга соработува и ќе соработува понатаму со сите релевантни институции, органи и организации, со цел да се подобри впечатокот на граѓаните, како и на туристите и посетителите кои престојуваат во Струга, а крајната цел е Струга како туристичка дестинација да го добие своето место меѓу најатрактивните места во земјата и пошироко во регионот.

Со почит,
Општина Струга
Оддление за туризам

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).