vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Денес во просториите на Општина Струга се оддржа 4 –тата средба по ред на Општинскиот совет за безбедност и сигурност на патиштата. Средбата се одвиваше по следниот дневен ред:
1) Реализација на предлог мерките за сообраќајна сигнализација во град Струга;
2) Режимот и промените на режимот на сообраќај во град Струга со посебен акцент на сообраќајниот проект, мислењето на СВР-Охрид од 2018 година, а во врска со член 348 од ЗБСП;
3) Именување на Претседател на ОСБСП – Струга;
На средбата се дискутираше за поставување на вертикална сингнализација по улиците каде што е потребно и истотака се дискутираше за новит режим. Решението за измена на собраќајниот режим ( едносмерен режим во неколку улици) беше прифатена како легитимна и функционална во однос на одвивањето на сообраќајот и како таква ќе продолжи да се спроведува.
Помошник командирот надлежен за сообраќајот при ПС – Струга, Велковски изјави дека сообраќајот во овие улици досега се одвива без пречки.
Што се оденсува на третата точка, членовите на ОСБСП со седум гласови “за” го избраа Ламбуш Велковски како претседател на ОСБСП, кој и ќе ги води наредните седници.
ОСБСП ќе продолжи со ваквите средби, секогаш во интерес на граѓаните за подобрување на одвивањето на сообраќајот.

Канцеларија за односи со јавноста,
Општина Струга

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).