Саботата,  градоначалникот на Општина Струга , г.Рамис Мерко ги пречека на пријателска средба градоначалничката на Градот Стаунтон г-ѓа. Каролин Дал, директорката на Библиотеката и Претседателскиот Музеј Вудроу Вилсон г-ѓа. Робин Ван Селденек и градоначалникот на Општина Чаир г. Висар Ганиу. На средбата се разговараше за можни соработки и заеднички проекти, како и за збратимување меѓу Општина Струга и Градот Стаунтон,  така што градоначалничката Дал го почести градоначалникот Мерко  со “Клучот на Градот Стаунтон”.

После средбата,  делегацијата од државата на Вирџинија, заедно со градоначалникот на Општина Чаир и градоначалникот Мерко имаа можност да присустуваат на првиот концерт на ансамблот за албански ора и песни во РСМ,  кој се одржа во Центарот за Култура во Струга, каде што разновидната  традиционлана облека, песни и ора и оставија голем впечаток на градоначалничката Дал која и се заблагодари на градоначалникот Мерко за топлото гостопримство и изрази желба ваквите средби да се повторат  и во иднина.

Канцеларија за односи со јавноста,
Општина Струга

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).