vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

betvole betlike süpertotobet megabahis trbet

Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа ( „Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 74, став 3 од Статутот на Општина Струга („Службен гласник на Општина Струга“ бр. 17/02, 30/03), а во врска со член 6 од Одлуката за утврдување на постапка за доделување на финансиски средства од Буџетот на Општина Струга на организации од областа на спортот, културата, социјалната заштита и невладиниот сектор бр. 07 – 1842/9 од 20.06.2012 година, Градоначалникот на Општина Струга , објавува:

 

 

ЈАВЕН ПОВИК

за доделување финансиски средства на спортски клубови,  граѓански организации од област на култура и граѓански организации и фондации

Целта на овој конкурс е да ја зацврсти и унапреди соработката на Општината со граѓанските организации, спортските клубови и организациите од областа на култура преку воспоставување партнерски релации и да се поттикне решавање на локални проблеми преку поголема вклученост на граѓаните и граѓанските организации.

Право на учество на овој конкурс имаат спортски клубови и здруженија на граѓани и фондации регистрирани на територија на Општина Струга според Законот за здруженија на граѓани и фондации.

  1. Повик за доделување на финансиски средства на организации од областа на спортот и организации од областа на култура.

Организациите од областа на спортот  и организациите од областа на култура аплицираат за добивање на финансиски средства од Буџетот на Општина Струга со поднесување на нивната годишна програма.

Општи услови кои треба да ги исполнат организациите се :

  • Да се регистрирани во согласност со закон, односно да поседуваат решение за регистрација.
  • Да дејствуваат на територија на Општина Струга
  • Остварувањето на програмите и дејствувањето да се во рамките на Уставот и Законите на Република Македонија.

Посебни критериуми за учество на јавниот повик кои треба да ги исполнат организациите од областа на спортот/спортските клубови се :

  • Да го поттикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт.
  • Да поднесуваат годишна програма на активности и истата да биде реализирана.
  • Да организираат и спроведуваат систем на натпревари.
  • Да се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри.
  • Да се грижат за унапредување на младите
  • Да не вршат политичко и верско организирање и дејствување
  • Спортските клубови да имаат решение од Агенцијата за млади и спорт на РМ за вршење на дејност спорт

Посебни критериуми за учество на јавниот повик кои треба да ги исполнат организациите од областа на културата се :

  • Да поседуваат програма за работа со позначајни активности и приоритети.
  • Да се вклучат и поддржат активности и манифестации организирани од страна на Општина Струга,
  • Со својата работа да придонесуваат кон промоцијата на културата и културните вредности на Општина Струга.

При поднесувањето на барање за доделување на средства од буџетот на Општина Струга, организациите од областа на спортот и организациите од областа на културата треба да поднесат  :

  • Годишна програма за работа за 2019 година
  • Барање за доделување на финансиски средства кое треба да биде потпишано и заверено со печат од страна на овластеното лице на организацијата. Барањето треба да ги содржи основните податоци на организацијата ( Полн назив на организацијата, седиште, даночен и матичен број , жиро сметка )
  • Копија од статутот на организацијата.

Барањето треба да се поднесе во архивата на Општина Cтруга во запечатен плик. На пликот треба да стои назнака „По јавен повик за доделување на финансиски средства организации од областа на спорт и култура“ и „Не отворај!“ непотполни барања  или барања напишани на рака нема да бидат земени во предвид.

Рокот за поднесување на барањето за доделување на средства од буџетот на Општина Струга е 10  дена по објавување на јавниот повик.

  1. Повик за доделување на финансиски средства наменети за финансирање на проектни активности на здруженија на граѓани и фондации.

Граѓанските организации поднесуваат проектни апликации во дадената пријава која е дел од овој јавен повик .

Приоритетни области за финансирање на проекти од овој јавен повик се :

  • Образование
  • Млади
  • Социјална Заштита
  • Туризам
  • Развивање на меѓуетнички односи и соработка
  • Заштита на животна средна и заштита на животни

Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнат здруженијата  :

  • Да се регистрирани според Законот за здруженија на граѓани и фондации со седиште во Општина Струга .
  • Да не им е изречена мерка Забрана за вршење на дејност
  • Да имаат поднесено извештај за користење на средства од буџетот на Општина Струга за претходната година ( доколку користеле средства)

Покрај образецот за пријавување, формуларот за буџет и временска рамка (дадени во прилог на јавниот повик) кои треба да бидат потпишани и заверени со печат од страна на овластеното лице на здружението или фондацијата, здруженијата треба  да ги достават и следните прилози :

  • Фотокопија од решението за регистрација
  • Фотокопија од Статутот на здружението

Евалуацијата и изборот од пристигнатите апликации ќе го врши комисија за евалуација според критериумите дадени во Табела 1.

 

 

Критериум Вредност на бодови
1.Стручност, искуство и компетентност на апликантот во спроведување на проектната активност 25
2.Придонес на проектот кон реализацијата на стратешките цели на општината 20
3. Усогласеност со надлежностите на општината 20
4. Реален буџет и оправданост на трошоците 20
5. Процент на учество на апликантот во проектниот буџет 10
6. Вклученост на други општински институции, граѓански организации или граѓани 5

Табела 1

 

Учеството може да биде изразено во финансиски средства, опрема работна сила или друг вид на придонес.

Здруженијата на граѓани и фондации можат да поднесат само една пријава за финансиска поддршка за проект

Активности на одбраните проекти треба да се реализираат до 31.12.2019 година

Рокот за поднесување на барањето за доделување на средства од буџетот на Општина Струга е 10 дена по објавување на јавниот повик.

Пријавите треба да бидат поднесени во пропишаниот образец за пријавување во општинската архива. На пликот треба да стои „ По јавен повик за доделување на финансиски средства наменети за финансирање на проектни активности на здруженија на граѓани и фондации. “ и „Не отворај!“непотполни апликации, апликации кои не се поднесени во пропишаните обрасци за пријавување  или апликации напишани на рака нема да бидат земени во предвид.

Доставените прилози не се враќаат.

Организациите добитници на средства ќе бидат известени поединечно а листата на сите организации кои биле избрани за финансирање ќе биде објавена на веб страната на Општина Струга.

 

Критериуми за Реализација на проектот и користење на грантот :

  • Организацијата треба да го реализира проектот во временската рамка наведена проектната апликација , сите трошења кои се направени по завршување на рокот за реализација нема да бидат признаени.
  • Одобрените средства носителот мора да ги користи во согласност со Уставот и Законите на Република Македонија и не смее да оствари профит при реализацијата на активностите.
  • Организацијата се обврзува доделените финансиски средства да ги користи во целост за намената за која се доделени, а во случај да престанала потребата или условите за искористување на средствата, организацијата е должна веднаш да ги врати на Општината.
  • Организацијата има обврска во сите свои печатени материјали и јавни настапи поврзани со проектот кој што е предмет финасирање, да наведе дека е поддржан од Општината. На печатените материјали или на веб страницата , на видливо место, треба да биде печатените материјали
  • Општината го задржува правото за вршење на контрола за начините на користење на доделените финансиски средства преку контрола на документите и начинот на реализацијата на активностите во седиштето на Носителот или во местото на реализацијата на активностите, како и преку барање на дополнителни информации и појаснувања кон извештаите.
  • Доколку при контрола се утврдат злоупотреби при трошењето на доделените финансиски , Општина Струга ќе поведе соодветна постапка пред надлежните институции и ќе побара враќање во целост на доделениот износ.
  • Во случај на злоупотреба на доделените финансиски средства или нивно користење спротивно на намената организацијата губи право во иднина да аплицира на огласите објавени од страна на Општина Струга.
  • Неискористениот износ носителот е должен да го врати на Општина Струга

 

 

Финасиско и наративно известување за реализација на проект.

 

Носителот по завршувањето на проектот се обврзува на општината да и достави целосен завршен извештај (наративен и финансиски) најдоцна 15 дена по датумот за завршување на проектните активности наведен во договорот за финасирање.

Организациите се обврзуваат наративниот и финансискиот извештај да ги достават во соодветната пропишана форма.

  • Кон наративниот извештај се приложуваат пропратни анекси како слики,медиумски записи, печатени материјали, листи на присутни и сл.
  • Кон финансискиот извештај треба да се приложат копии од сите фактури, сметки за трошоци, налози за плаќање и изводи од сметката наменета за овој проект.

Општината го задржува правото да побара доставување на почести или дополнителни финансиски извештаи како и да изврши ненајавена посета на организацијата и да изврши контрола во проектната документација за време на периодот на имплементација на проектот наведен во договорот за финансирање.

Преземете ги материјалите за апликација 

ОПШТИНА СТРУГА

Градоначалник,

Д-р Рамис Мерко

 

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).

Balikesir escort Aydin escort Muğla escort Kahramanmaraş escort Yozgat escort Giresun escort Didim escort Çorum escort Erzurum escort Zonguldak escort Sivas escort Düzce escort Tokat escort Osmaniye escort Kutahya escort Mardin escort Fethiye escort Ordu escort Alanya escort Pendik escort Sarıyer escort Edremit escort Sinop mutlu son

bahis Casino Siteleri Baymavi paykwik экскурсии из мармариса остров клеопатры Marmaris excursions dalaman airport transfers paykwik paykwik satın al paykwik al ucuz paykwik paykwik fiyatları Paykwik Nedir? paykwik bozum