Вчера градоначалникот на Општина Струга, г. Рамис Мерко потпиша Меморандум за соработка со министерот за транспорт и врски г.Горан Сугарески, со цел да се обезбедат средства за изградба и поправка на локални патишта, како и на друга патна инфраструктура.
Проектот ќе се финансира со средства од Светска Банка, каде што 70 илјади евра ќе им се доделат на околу 80 општини, врз основа на проектите и потребите на општините.
Општина Струга успеа да обезбеди околу 1.1 милиони евра за финансирање на општинсиките проекти, односно за реконструкција и изградба на локалната патна инфраструктура за периодот 2020-2024 година.
Канцеларија за односи со јавноста,
Општина Струга