vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, денес во улога на главен координатор на штабовите на единиците на локалната самоуправа (општините и градот Скопје) заедно со заменик. министерот за здравство г-дин Арменд Арслани, Претседателот на Комисијата за заразни болести ја посетија Општата болница во Струга каде одржија средба со дел од претставниците на Координативниот совет на Општина Струга, односно со директорот на Струшката општа болница г. Мухамед Асани и шефот на кабинетот на Општина Струга, г. Дашмир Насуфи.

На средбата се дискутираше за моменталната состојба предизвикана од СОВИД 19, новите случаи, зголемувањето на бројот на случаи, преземените мерки и новите мерки кои би можеле да се преземат во наредните денови.

Вицепремиерот Османи пред медиумите изјави дека Владата на денешната седница донесе одлука за нови мерки во врска со движењето на граѓаните на Република Северна Македонија, кои го ограничуваат движењето на граѓаните во текот на неделата и за време на викендите и порача дека иако ситуацијата е под контрола, сега е време да бидеме уште повнимателни и да ги почитуваме препораките за социјална дистанца и лична хигиена.

Претседателот на Комисијата за заразни болести др. Жарко Караџоски рече дека мерката за полицискиот час се однесува на целата територија на Република Северна Македонија и дека засега нема посебна рестриктивна мерка за селото Лабуништа.

Заменик министерот за здравство г.Арменд Арслани изјави дека мерките се преземаат врз основа на истражувањата на епидемиолозите кои постојано се на терен, потенцираше дека мора да се внимава затоа што се бориме со непознат непријател и за да се избегне зголемување на бројот на случаи, треба да се освестиме и дека препораките морат да се сфатат сериозно.

После средбата во ОБ Струга, вицепремиерот Османи заедно со претставниците на Координативниот совет на Општина Струга продолжија во Лабуништа каде одржија средба со месната заедница на Лабуништа со цел да се дискутира за досегашната состојбата и за да ги информираат за новите мерки кои беа преземени врз основа на мислењата на епидемиолозите. Вицепремиерот Османи апелираше на комуникација помеѓу локалниот штаб и населението, за да нема простор за паника туку да се почитуваат препораките.

Канцеларија за односи со јавноста,
Општина Струга

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).