vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

На 36-та седница на Владата на Република Македонија, која што се одржа на 07.04.2020 (вторник), се донесоа неколку одлуки во врска со полицискиот час за време на викендот.

• Владата го задолжи Министерството за здравство веднаш да подготви план за работа и организација на сите јавни и приватни здравствени установи, како и аптеките во општините на територијата на Република Северна Македонија.

• Согласно оваа одлука, Владата ги задолжи Општинските кризни штабови да определат економски оператори/и – маркет/и од каде ќе се обезбедуваат само најнеопходните намирници, согласно приоритетните барања на граѓаните за време на забраната за движење на територијата на Република Северна Македонија, а економските оператори кои се регистрирани да вршат достава на храна преку он-лајн порачки, непречено да ја извршуваат својата работа за време, во деновите сабота и недела.

• Економските оператори што имаат производствени капацитети да го прилагодат своето работно време согласно забраните за движење на територијата на Република Северна Македонија и непречено да го организираат работниот процес.

За оваа цел, Кризниот штаб на Општина Струга во соработка со Министерството за внатрешни работи ќе го организира движењето на лицата волонтери што ќе ги доставуваат најнеопходните намирници до домовите на граѓаните.

Сите економски оператори / маркети/ мораат да достават барање до Општината за да добијат дозвола за движење во текот на полицискиот час за време на викендот.
Формуларот за барање ќе го најдете на шалтер, утре од 8:30 до 13:00 часот.

Канцеларија за односи со јавноста,
Општина Струга

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).