vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

betvole betlike süpertotobet megabahis trbet

Денес во просториите на Општина Струга се одржа средба меѓу шефот на кабинетот на градоначалникот на Општина Струга, г-дин Дашмир Насуфи и началникот на ОВР Струга г. Дритан Ајро, каде се дискутираше за досегашните мерки во врска со посебниот режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, односно забраната за движење во текот на полицискиот час. Началникот на ОВР, г-дин Ајро најави дека досега мерките се почитуваа, граѓаните се покажаа дека се совесни граѓани и дека мора да продолжат да ги почитуваат мерките како досега за да може оваа состојба да заврши што е можно поскоро.

На средбата беа донесени следниве заклучоци:

1. Сите економски оператори (маркети, ресторани или други) кои ќе вршат достава на храна и имаат потреба од дозвола за движење за време на забраната за движење, од петок до вторник (17-21 април), да достават барање до Општината најкасно до 16.04.2020, 10:00 часот.

2. Сите земјоделци, фармери и градежни работници кои имаат потреба да ги извршат своите земјоделски актвиности за време на забраната за движење треба да се пријават во Општина Струга, или во ОВР, со цел да бидат евидентирани.

3. Лицата со попреченост можат да излезат надвор и да се движат од 11:00 до 13:00 часот во сабота и недела, со придружник, а во работните денови од 19:00 до 20:00 часот. Овие лица нема потреба да вадат дозвола за движење, туку со себе треба да имаат наод или решение кое ја докажува попреченоста.

Канцеларија за односи со јавноста,
Општина Струга

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).