vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

betvole betlike süpertotobet megabahis trbet

Поради состојбата со КоВид-19 вирусот во нашата земја, со цел надминување на кризната состојба и подршка на секторот туризам и угостителство, една од мерките на Владата на Република Северна Македонија е и издавањето на ваучери за подршка на домашниот туризам.

Тие ваучери се издаваат за одредена категорија на граѓани, кои можат да ги искористат на целата територија на државата, за престој во сите видови објекти за сместување гости, за периодот од 15 Јули до 15 Декември 2020 година.

За таа намена е создадена посебна платформа, на која може да се регистрираат сите даватели на услуги за сместување, но притоа, тие субјекти мора да имаат Решение за категоризација.

Според тоа, заинтересирани лица на територијата на Општина Струга, кои давале и сеуште даваат услуги во приватното сместување, но и оние чии решенија истекле и сакаат да продолжат со таа дејност, да поднесат барање за категоризација, а најдоцна до 20 Јуни 2020 година истите ќе бидат категоризирани.

Истакнуваме дека и тие лица кои имаат валидно решение за категоризација имаат право за користење на мерката дадена од владата.

Ова е условот кој овие даватели на услуги мора да го исполнат за да можат да аплицираат за користење на мерката и да може да се прикачат на платформата, а со тоа да ги прикажат и своите достапни капацитети за сместување на гостите (граѓаните кои се стекнале со ваучер).

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).