vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

Врз основа на член  2-б од Уредбата   со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила примена на Законот за локалната самоуправа за време на водредна состојба  („Сл. Весник на РСМ„ бр. 95/20), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е  Ш Е Н И Е

За свикување 43( четириесет и трета) седница на Советот на општина Струга

      Ја свикувам 43 (четириесет и третата) седница на Советот на Општина Струга, за  29.07.2020 год.              ( среда ) со почеток во 10,оо часот, По пат на комуникациски врски: со употрeба на комуникациски средства ( телефон  со употрба на интернет комуникација и софтверски алатки )  

Седницата ќе работи, по следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1. Предлог- Одлука за осовање на Општинско основно Музичко училиште,

2. Решение за формирање комисија  за  подготовка за почеток со работа на  општинско основно музичко училиште,.
3. Предлог-  Одлука за  утврдување на реоните  од кои се запишуваат ученици  во основните училишта во општина Струга,

4. Предлог Одлука за определување на приоритет на проектот -Изработка на техничка документација  за замена на азбест-цементна водоводна мрежа за град Струга,
5.Барање за осовање на времена депонија за комунален отпад на ЈП „Октиси„-Октиси,

6. Извештај за работата на Одделението за соработка со  Месни заедници и заштита и  спасаување, на  општина Струга, за 2019 година,

7. Квартален извештај на Буџетот на општина Струга II/2020 година.

8. Квартален извештај за работата на ЈП„Хигиена„-Лабуништра I/2020 година.

9. Одлука за измена на Одлуката за вршење општински лински превоз на патници на подрачјето на општина Струга.

10. Одлука за измена на Одлуката за вршење на авто – такси превоз на патници на подрачјето на општина Струга.

11. Извештај за реализација на Програмата за заштита на животната средина за 2019 година.

12. Извештај за реализација на Програмата за општа туристичка пропаганда во 2019 година.

13. Извештај за реализација на Програмата за локален економски развој за 2019 година.

14. Извештајза реализација на Програмата за еднакви можности за 2019 година.

15.Извештајза реализација на Програмата

за  одбележување значајни настани и личности однашето  културно минато за 2019 година,

16. Извештај за реализација на Програмата за изградба на сообраќајна сигнализација на Општина Струга за 2019 година.

17. Програма за измена на Програмата за одржување на јавната чистота на  подрачјето на  општина Струга  за 2020 година,

18. Програма за дополнување на Програмата за располагање со градежно земјиште на општина Струга за 2020 година,

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател, Ресул Каба


Материали од 43-ма седница

There are no comments yet.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked (*).