Решение за свикување 29 (дваесет и девета ) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Сл. Весник на РМ„ бр. 5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е Ш Е Н И Е
За свикување 29 (дваесет и девета ) седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 29 (дваесет и девета) седница на Советот на Општина Струга, за 24.09.2019 год. (Вторник) со почеток во 10,оо часот, во големата сала на Советот на општина Струга:
Седницата ќе работи, по следниот:

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

– Записик од 28 – тата седница на Советот на општина Струга,

1. Измени и дополнување (Ребаланс) на Буџетот на општина Струга за 2019 година,
2. Годишна програма и Програма за екскурзии на ООУ „Браќа Миладиновци„ – Струга за учебната 2019/2020 година,
3. Годишна програма и Програма за екскурзии на ООУ „Јосип Броз Тито„ – Струга за учебната 2019/2020 година,
4. Годишна програма на ООУ „Нури Мазари„ – с.Делогожда за учебната 2019/2020 година,
5. Годишна програма на ООУ „Ашим Агуши„ – с.Радолишта за учебната 2019/2020 година,
6. Годишна програма и Програма за екскурзии на ООУ „Св.Климент Охридски„ – с.Драслајца за учебната 2019/2020 година,
7. Годишна програма на ООУ „Единство„ – с.Октиси за учебната 2019/2020 година,
8. Годишна програма на ООУ „Зини Хани„ – с.Велешта за учебната 2019/2020 година,
9. Годишна програма и Програма за екскурзии на ООУ „Гоце Делчев„ – с.Јабланица за учебната 2019/2020 година,
10. Годишна програма на ООУ „Орхан Џемаили„ – с. Г.Татеши за учебната 2019/2020 година,
11. Годишна програма на ООУ „Мурат Лабуништи„ – с.Лабуништа за учебната 2019/2020 година,
12. Годишна програма и Програма за екскурзии на ООУ „Гоце Делчев„ – с.Подгорци за учебната 2019/2020 година,
13. Годишна програма на СОУ „Нико Нестор“ – Струга за учебната 2019/2020 година,
14. Годишна програма на СОУ “ Д-р. Ибрахим Темо„ – Струга за учебната 2019/2020 година,
15. Годишна Програма на ЈОУДГ „8-ми Март„ за 2019/2020 година,
16. Стратегија за меѓуетничка интерграција во образованието и граѓанска вклученост во Општина Струга.
17. Извештај за работа на МЈП „Проаква„ – Струга, 01.01.2019 – 30.06.2019 година,
18. Годишен извештај за спроведување на тарифите за услуга за МЈП „Проаква„ – Струга,
19. Извештај за работа на ЈП „Октиси„ – с.Октиси II квартал 2019 година,
20. Извештај за работа на ЈПК „Хигиена„ – с.Лабуништа II квартал 2019 година,
21. Годишен План за вработување за 2020 година на ЈПК „Хигиена„ – с.Лабуништа,
22. Програма за измена и дополнување на Програмната за јавна чистота на Општина Струга за 2019 година,
23. Одлука за разрешување и именување членови на Училишниот одбор од СОУ „Нико Нестор„ – Струга,
24. Одлука за разрешување член на Училишниот одбор од ООУ „Јосип Броз Тито„ – Струга,
25. Барање финансиска помош од лицето Неџми Ќазими од с. Г. Татеши,
26. Решение за запирање на објавување пропис донесен од Советот на Општина Струга.

Материали од 29-та седница

Јавен повик до евидентирани невработени лица.

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Струга, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Швајцарската агенција за развој и за соработка, на ден 23.08.2019 година се објавува:

Ј А В Е Н П О В И К
до
евидентирани невработени лица за вклучување во
Програмата Општинско – корисна работа за проект
“Социјални услуги за ранливи категории на граѓани”

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Социјални услуги за ранливи категории на граѓани” за работно ангажирање од 20 (дваесет) часа неделно за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Струга.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани за 20 (дваесет) работни часови неделно.
За периодот додека лицата се работно ангажирани преку програмата „Општинско-корисна работа“ истите не го губат статусот на невработено лице и истите се должни редовно да се јавуваат во Агенција за вработување- Центар за вработување Струга со цел почитување на обврските согласно Закон. На невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

На кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање во висина од 9.000,00 денари месечно , со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

– Роми корисници на Гарантирана Минимална Помош
– Египќани корисници на Гарантирана Минимална Помош
– Лица со попреченост

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :
– Социјални работници за давање на услуги во домашни услови

Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Струга во периодот од 23.08.2019година до 30.08.2019 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Струга и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Струга кај лицето Драги Бицески, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Струга кај лицето Дрени Даути, Центар за социјлна работа Струга кај лицето Вегим Нура.

Решение за свикување 28 (дваесет и осма) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Сл. Весник на РМ„ бр. 5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е Ш Е Н И Е
За свикување 28 (дваесет и осма) седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 25 (дваесет и осмата) седница на Советот на Општина Струга, за 26.08.2019 год. (Понеделник) со почеток во 10,оо часот, во големата сала на Советот на општина Струга:
Седницата ќе работи, по следниот:

Д Н Е В Е Н Р Е Д

-Записик од 26 – тата седница на Советот на општина Струга,
-Записик од 27 – та седница на Советот на општина Струга,

1. Измени и дополнување (Ребаланс) на Буџетот на општина Струга за 2019 година,
2. Квартален извештај за работа на Општина Струга II квартал 2019 година,
3. Решение за запирање на објавување на пропис донесен од Советот на општина Струга,
4. Решение за запирање на објавување на пропис донесен од Советот на општина Струга,
5. Одлука за утврдување паралелки со помал број на ученици и комбинирани паралелки во ООУ „Браќа Миладиновци„ – Струга за учебната 2019/2020
6. Одлука за утврдување паралелки со помал број на ученици во ООУ „Јосип Броз Тито„ – Струга за учебната 2019/2020.
7. Одлука за утврдување паралелки со помал број на ученици и комбинирани паралелки во ООУ „Нури Мазари„ – с.Делогожда за учебната 2019/2020
8. Одлука за утврдување паралелки со помал број на ученици во ООУ „Ашим Агуши„ – с.Радолишта за учебната 2019/2020.
9. Одлука за утврдување паралелки со помал број на ученици и комбинирани паралелки во ООУ „Св.Климент Охридски„ – с.Драслајца за учебната 2019/2020.
10. Одлука за утврдување паралелки со помал број на ученици во ООУ „Единство„ – с.Октиси за учебната 2019/2020.
11. Одлука за утврдување паралелки со помал број на ученици и комбинирани паралелки во ООУ „Зини Хани„ – с.Велешта за учебната 2019/2020.
12. Одлука за утврдување паралелки со помал број на ученици и комбинирани паралелки во ООУ „Гоце Делчев„ – с.Јабланица за учебната 2019/2020,
13. Одлука за утврдување паралелки со помал број на ученици и комбинирани паралелки во ООУ „Орхан Џемаили„ – с. Г.Татеши за учебната 2019/2020.
14. Одлука за утврдување паралелки со помал број на ученици и комбинирани паралелки во ООУ „Мурат Лабуништи„ – с.Лабуништа за учебната 2019/2020.
15. Одлука за утврдување паралелки со помал број на ученици во ООУ „Гоце Делчев„ – с.Подгорци за учебната 2019/2020.
16. Одлука за утврдување паралелки со помал број на ученици во СОУ „Нико Нестор“ – Струга за учебната 2019/2020 година,
17. Одлука за утврдување паралелки со помал број на ученици во СОУ “ Ибрахим Темо„ – Струга за учебната 2019/2020 година.
18. Барање финансиски помош за лицето Марко Маркоски.

Материали од 28-та  седница

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Ресул Каба

Градоначалник Рамис Мерко одржи средба со Фридман

 Денес, Градоначалник на Општина Струга г. Мерко го пречека претсавникот на наблудувачката мисија на ОБСЕ г. Ебен Фридман.
Целта на средбата беше да се запознаат со безбедноста на градот Струга. Фридман му честиташе на градоначалникот Мерко за досегашната работа не само во областа на толеранцијата, безбедноста и градската регулатива, туку и во сите други области. Тој, исто така, му даде поддршка на градоначалникот како во областа на безбедноста така и во другите области каде има потребата.

Решение за свикување 27 (дваесет и седма) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 40 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Сл. Весник на РМ„ бр. 5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е Ш Е Н И Е
За свикување 27 (дваесет и седма) седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 27 (дваесет и седмата)  седница на Советот на Општина Струга, за 14.08. 2019 год. ( Четврток) со почеток во 10,оо часот, во големата сала на Советот на општина Струга:
Седницата ќе работи, по следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д

1. Акциски план за постапување по заклучоците од 146-тата седница на Владата на Република Северна Македонија по препораките на УНЕСКО
2. Предлог-Одлука за времен прекин на донесување и спроведување на УП и постапки за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти
3. Предлог – Одлука за донесување на ДУП Блок 23, УЕ-8 град Струга
4. Барање финансиски помош од Едриличарски клуб – Струга.

Материали од 27 – ма седница

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Ресул Каба

Јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Струга, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 09.08.2019 година се објавува:

Ј А В Е Н П О В И К
до
евидентирани невработени лица за вклучување во
Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект Образовни Асистенти за деца со лесна попреченост” за работно ангажирање од 20 (дваесет) часа неделно за период од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Струга.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани за 20 (дваесет) работни часови неделно.
За периодот додека лицата се работно ангажирани преку програмата „Општинско-корисна работа“ истите не го губат статусот на невработено лице и истите се должни редовно да се јавуваат во Агенција за вработување- Центар за вработување Струга со цел почитување на обврските согласно Закон. На невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

На кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање во висина од 9.000,00 денари месечно , со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

– долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
– млади лица до 29 години
– самохрани родители

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :
– Образовни Асистенти за деца со лесна попреченост во редовен образовен процес

Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Струга во периодот од 09.08.2019 година до 16.08.2019 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Струга и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Струга кај лицето Драги Бицески, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Струга кај лицето Дрени Даути, Центар за социјлна работа Струга кај лицето Вегим Нура.

Решение за свикување 26 (дваесет и шеста) седница на Советот на општина Струга

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Сл. Весник на РМ„ бр. 5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе

Р Е Ш Е Н И Е
За свикување 26 (дваесет и шеста) седница на Советот на општина Струга

Ја свикувам 26 (дваесет и шеста) седница на Советот на Општина Струга, за 31.07.2019 год. ( среда ) со почеток во 10,оо часот, во големата сала на Советот на општина Струга:
Седницата ќе работи, по следниот:

Д Н Е В Е Н Р Е Д

-Записник од 25 -тата седница на Советот на општина Струга,

1. Предлог Одлука за давање на трајно користење на движни ствари, табла, проектор, плафонски држач Др-Ибрахим Темо ,
2. Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движна ствар училишно столче и клупа, Др-Ибрахим Темо,
3. Одлука за давање согласност на Одлука за адаптација на деловни објекти на ЈП Комунално
4. Одлука за давање согласност на Одлука за започнување постапка за ЈПП од МЈП „ Проаква
5. Одлука за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Статутот на ЈОУДГ 8-ми Март- Струга,
– Утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на администратвните службеници на ЈОУДГ„ 8 -ми Март”- Струга.
6. Одлука за давање согласност на Правилникот за внатрешна организација на работни места. И Правилникот за Систематизација на работните места на ЈОУДГ 8-ми Март- Струга
7. Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесена од лицето Амит Ајро.
8. Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесена од лицето Реџеп Колоња.
9. Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесена од Лавдрим Гега.
10. Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесена од Кајмакоски Благоја,
11. Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесена од Мевлур Зиба,
12. Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесена од Кајмакоски Цветко с.Мислешево,
13. Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесена од Блажеска Валерија,
14. Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесена од Ѓорѓи Достиноски од с.Подгорци,
15. Одлука за дополнување на Програмата за поставување на урбана опрема.
16. Исправка на грешка во Правилникот за користење службените моторно возил на Општина Струга.

Материали од 26-та седница

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУГА
Претседател,
Ресул Каба

Многу брзо ќе се финализира и завршната фаза на новата водоводна мрежа во с. Радолишта

Во просториите на Општина Струга,градоначалникот Мерко заедно со директорот на ЈП “Проаква” г.Јетон Шаќири одржаа средба во врска со договорот потпишан од страна на Општина СТруга и Бирото за регионален развој за реализација на проектот Изградба на систем за водоснабдување за долна зона во село Радолишта – завршна фаза.
Станува збор за проект од вредност 3.4 милион денари, за изградба на водоснабдителен систем во должина од 1000 м. Со довршување на новиот водоснабдителен систем ќе се елиминира недостатокот на вода за пиење и евентуалните прекини на водоснабдувањето.
Проекто ќе почне сo реализација веднаш после завршување на тендерската постапка која е во тек.

Се отстранува бараката без дозвола, поставена сред центарот на градот

По реакциите на граѓаните во врска со поставената бараката во јавен простор без дозвол , Општина Струга веднаш реагираше остранувајќи ја бараката и ослободувајќи го јавниот простор.
Јавните простори, шеталиштата се на и за граѓаните. Им благодариме на граѓаните кои ги пријавуваат ваквите случаеви и ги подржуваме и потикнуваме да продоложат и понатаму да ги пријават сите неправилности или слични случаеви.

Канцеларија за односи со јавноста,
Општина Струга

4 –тата средба на Општинскиот совет за безбедност и сигурност на патиштата

Денес во просториите на Општина Струга се оддржа 4 –тата средба по ред на Општинскиот совет за безбедност и сигурност на патиштата. Средбата се одвиваше по следниот дневен ред:
1) Реализација на предлог мерките за сообраќајна сигнализација во град Струга;
2) Режимот и промените на режимот на сообраќај во град Струга со посебен акцент на сообраќајниот проект, мислењето на СВР-Охрид од 2018 година, а во врска со член 348 од ЗБСП;
3) Именување на Претседател на ОСБСП – Струга;
На средбата се дискутираше за поставување на вертикална сингнализација по улиците каде што е потребно и истотака се дискутираше за новит режим. Решението за измена на собраќајниот режим ( едносмерен режим во неколку улици) беше прифатена како легитимна и функционална во однос на одвивањето на сообраќајот и како таква ќе продолжи да се спроведува.
Помошник командирот надлежен за сообраќајот при ПС – Струга, Велковски изјави дека сообраќајот во овие улици досега се одвива без пречки.
Што се оденсува на третата точка, членовите на ОСБСП со седум гласови “за” го избраа Ламбуш Велковски како претседател на ОСБСП, кој и ќе ги води наредните седници.
ОСБСП ќе продолжи со ваквите средби, секогаш во интерес на граѓаните за подобрување на одвивањето на сообраќајот.

Канцеларија за односи со јавноста,
Општина Струга