Д-р Рамис МЕРКО

   CV – Кратка биографија

 

Рамис Мерко е роден на 14.04.1957 година, во Струга. Четиригодишните универзитетски студии ги завршил во 1980 година. од 1980 година до 1982 година ја вршел функцијата Раководител на производство во Земјоделски комбинат Струга, а во временскиот период 1983-1999 година бил Висок референт на Агенцијата за развој на земјоделството. Во истиот период, од 1990 до 2003 година бил Директор на семеен бизнис (приватна земјоделска аптека).

Од 2003 година до 2005 година бил именуван и работел како Раководител на Фондот за здравство Подрачна единица Струга. После тоа, од 2005 година до 2009 година, на локалните избори, за првпат е на чело како Градоначалик на Општина Струга.

Во 2009 година, исто така на локалните избори, постанува Градоначалник на Општина Струга (за втор мандат за временскиот период 2009-2013 година), додека во 2010 година со успех ги заврши последипломските студии од втор циклус и во 2013 година ги заврши докторските студии, со добивање на звање Доктор на науки.

Од 2013 година до 2014 година, Д-р Рамис Мерко е универзитетски предавач на Меѓународниот Универзитет во Струга. Неговата биографија вклучува и вршење на други функции, како Пратеник во Собранието на Република Македонија и Министер во Владата на Република македонија.

Во временскиот период 2014 – 2016 ја вршел функцијата Пратеник во Собранието на Република Македонија, со следните активности:

  •    Член на Буџетскиот совет на Собранието на Република Македоонија,
  •    Заменик член на Комисијата за транспорт, комуникации и животна средина,
  •    Член на Комисијата за законодавство,
  •    Член на Комисијата за образование, наука и спорт,,
  •    Член на Комисијата за локална самоуправа,
  •    Заменик член на Комисијата за политички систем и меѓуетнички односи,
  •    Претседател на Парламентарната група на Собранието на Република Македонија за соработка со Собранието на  Кралство Холандија,
  •  Член на Парламентарната група на Собранието на Република Македонија за соработка со собранијата на балтичките држави (Република Естонија, Република Латвија и Република Литванија),
  •  Член на Парламентарната група на Собранието на Република Македонија за соработка со Собранието на Народна Република Кина.

Во месец Јуни 2017 година, Д-р Рамис Мерко се именува за Министер без ресор за привлекување на странски инвестиции, во Владата на Република Македонија, а таа функција траеше до 31.10.2017 година поради добивање на трет мандат како Градоначалник на Општина Струга, откако победи на Локалните избори во 2017 година.

Д-р Рамис Мерко многу добро го познава македонскиот, турскиот, српскиот и англискиот јазик, а учествувал на повеќе домашни и меѓународни научни конференции.