vevobahis giriş - cratosslot giriş - baymavi giriş

betvole betlike süpertotobet megabahis trbet

Советот на општината, составен од претставници награѓаните, е надлежен да:

  • донесува статут на општината и други прописи;
  • донесува буџет на општината и годишна сметка на општината;
  • ја утврдува висината на сопствените извори на приход за финансирање на општината, во рамките утврдени со закон;
  • основа јавни служби во рамките на надлежноста на општината и да врши надзор над нивната работа;
  • именува членови во управните одбори на јавните служби, кои ги основа;
  • усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби што ги основа општината;
  • ги усвојува извештаите за извршување на буџетот и годишната сметка на општината;
  • решава за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес, а од локално значење, во согласност со законот;
  • ги усвојува извештаите за работа и годишните сметки на јавните служби, кои ги основа општината;
  • решава за начинот на располагање со сопственоста на општината;
  • решава за начинот на вршење финансиска контрола на буџетот на општината, во согласност со законот;
  • го избира лицето што ја раководи подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во општината, во согласност со законот;
  • го разгледува и го усвојува извештајот за јавна безбедност на подрачјето на општината, кој го доставува до министерот за внатрешни работи и до народниот правобранител.