Данок на имот
Данок на имот се плаќа за недвижен имот, освен за оној имот кој е ослободен од плаќање данок според закон.
Oснова на данокот на имот претставува пазарната вредност на недвижниот имот.
Обврзник на данок на имот е физичкото и правното лице кое е сопственик, корисник или плодоужи вател на имотот.
Даночната обврска за данок на имот настанува со денот на стекнувањето на имотот, издавањето на одобрение за употреба на недвижниот имот од надлежен орган или од денот на отпочнување на корис тењето на имотот од обврзникот на данокот.
Процедура:
За утврдување на данок на имот треба да се поднесе пријава и имотен лист, до референтот во Општина Струга каде што следува разгледување од страна на надлежните во одделението за администрирање и наплата на локални приходи, а проценката на имотот ја врши овластен проценител.
Рокот за донесување на РЕШЕНИЕ од страна на органот е 30 дена.
Доколку странката не се согласува со донесеното решение, има право на жалба до Министерството за финансии, преку Градоначалникот на општината, во рок од 8 дена од денот кога е донесено решението.
Жалбата се разгледува од страна на второстепена Комисија при Министерството за финансии, која дава инструкции за донесување на решение на надлежниот орган во Општина Струга, во рок од 15 дена.
Странката има право да се жали и на второстепената одлука и тоа пред Управен Суд на Република Македонија, а ако не се согласува со одлуката на Управниот Суд може да се обрати и пред Врховниот Суд како последна инстанца до која странката има право да се жали на одлуката донесена од Управниот Суд.