- Овој Повик за Понуди ја следи Општата објава за набавки за овој Проект објавена во изданието на UN Development Business, со бр. 767, од 31 Јануари, 2010 година (печатено издание) и објавена електронски на 06 Јануари, 2010 година.
- Република Македонија доби грант средства од Европската комисија во рамките на ИПА фондот за рурални инвестиции на Европската комисија за реконструкција и развој за Проектот за подобрување на општински услугите (МСИП) и има намера дел од добиените средства од овој кредит да ги искористи за плаќања по договор за: Изградба на канализациона мрежа во општина Струга
- Општина Струга ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат Изградба на канализациона мрежа за село Франгово во општина Струга.
- Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за национално јавно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, од јануари 2011 година и е отворен за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во тендерската документација.
- Заинтересираните подобни понудувачи може да добијат дополнителни информации на адресата наведена подолу од 08:00 до 16:00;
Адреса: плоштад Мајка Тереза б.б. Струга Поштенски број: 6330 Р. Македонија
Телефон: +389 (046 781 335; 781 223 Факс: +389 46 781 434
Електронска адреса: v.zupan@struga.gov.mk; info@struga.gov.mk
Тендерската документација ќе биде доставена по електронска пошта или може да се добие директно од Општина Струга.
- 6. Понудите мора да се достават на адресата дадена подолу до 12:00ч, 18.04.2018 година. Електронско доставување на понудите не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат физички отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе изберат на присуствуваат лично на адресата дадена подолу во 12:00ч, 18.04.2018 година.
- 7. Сите понуди мора да бидат придружени со Банкарска гаранција од 450,000.00 МКД.
- 8. Адреса: плоштад Мајка Тереза б.б. Струга 6330 Архива Р. Македонија
Со почит,
ОПШТИНА СТРУГА
Градоначалник,
Д-р Рамис Мерко